ОПИС

Оригинален наслов: Откриен голем cкaндал: Се менувал датумот на гласачките ливчиња кои доцнeле за да не се прогласат за неважечки

Преку РТ, (Russia Today), во медиумите во Северна Македонија се прошири непотврдена информација за наводна изборна измама на изборите во САД. Сепак, без докази за наведените тврдења, ова е само дезинформација која има за цел да ја наруши довербата во изборниот процес во САД.На 7 ноември порталот Инфомакс објави текст со наслов Откриен голем cкaндал: Се менувал датумот на гласачките ливчиња кои доцнeле за да не се прогласат за неважечки. Како извор на текстот ја наведува РТ (Russia Today) телевизиска мрежа финансирана од Русија.

Според содржината, се работи за наводно откриени изборни нерегуларности за време на претседателските избори во САД. Имено, вработен во американската поштенска служба преку „Проект Веритас“ објавил дека управникот на поштата во Ирија, Пенсилванија, наредил датумот 3 ноември на гласачките ливчиња што пристигнале по денот на изборите да се смени, така што неважечките ливчиња да „изгледаат важечки“. Наводно укажувачот Хопкинс го слушнал управникот на поштата, Роберт Вајсенбах Џуниор, како разговара со другите вработени за гласачките ливчиња што треба да бидат „aнтидатирани“. Според Хопкинс, управникот на поштата изјавил дека повеќето гласачки ливчиња што пристигнале во средата, ден по изборите, биле антидатирани со вторничен датум, но дека едното од нив погрeшно било датирано со 4-ти ноември. Хопкинс наводно бил контактиран и од инспектори кои сакале да ја слушнат неговата страна на приказната за да започнат истрaга.

Како и во Пенсилванија, укажувачот на американската поштенска служба во Мичиген тврди дека на вработените им било наредено да ги одделат „доцните гласачки ливчиња“ од редовната пошта, со цел да се испечати датумот од вторник. Додека пак во Невада, поштенски работник наводно се согласил да му даде на таен репортер пакет неискористени гласачки ливчиња кои биле испратени на нeточни адреси.

Ова “информација” ја  објавија и порталите: ВесникВечерРепортерИнфоМ експрес.

ФАКТ/И

Оваа лажна приказна веднаш беше разобличена од Сервисот за проверка на факти FactCheck.org.

Имено, тие откриваат дека се работи за видео од десничарски активист кое сугерира дека вработените во американската поштенска служба антидатирале гласачки ливчиња во Мичиген. Тврдењето не е докажано, но, дури и да е точно, ниту едно гласачко ливче што пристигнало по 3 ноември не се прифаќа, без оглед на датумот на поштенскиот печат.

Проектот Веритас е десничарска активистичка организација. Во видеото објавено на јутјуб-каналот на организацијата, нејзиниот основач Џејмс О’Киф тврди дека има „укажувач“ во поштенската служба кој има информации за изборни измами во Мичиген. Со изменет глас за да го прикрие својот идентитет, во видеото т.н. укажувач вели дека добиле задачи да ги соберат сите гласачки ливчиња за да можат да ги заверат со датумот од претходниот ден. За појаснување, денот кога ова се случува е 4 ноември, а денот на изборите беше 3 ноември, па со ова се имплицира дека американската поштенска служба учествувала во шема за да се бројат и нелегитимните гласови.

Портпаролот на Поштенската служба на САД, Агапи Дулаверис, за FactCheck.org изјавила дека не знаат дали воопшто имало таква „директива“. Главниот инспектор на Поштенската служба го истражува овој приговор, и засега нема нови информации.

Но, како и да е, приговорот нема никакво влијание врз изборите. Законските прописи во Мичиген прецизираат дека гласачките ливчиња по пошта „мора да пристигнат до службеникот или овластениот помошник на службеникот пред затворањето на гласачките места на денот на изборите. Гласачките ливчиња што ќе пристигнат по затворањето на избирачките места на денот на изборите нема да се бројат.

Кабинетот на Државниот секретар во Мичиген исто така даде објаснување за случајот на својата веб-страница: „Изборната администрација во Мичиген ги смета за важечки оние ливчиња што до 20 часот на денот на изборите ги добиле во нивните канцеларии или во официјалните  гласачки кутии. Гласачките ливчиња добиени после овој рок, без оглед на датумот на поштенскиот печат.

Ова само по себе укажува дека датумот 3 ноември нема некоја голема улога, туку главниот сегмент е времето во кое гласачкото ливче на тој датум пристигнало до надлежните. Со други зборови, дури и доколку се антидатирало ливче од 4 ноември тоа никако не можело да биде дел од пребројувањето, зашто не пристигнало до крајот на изборниот ден за да биде внесено во системот.

Според ова, приказната за наводна изборна измама во Мичиген и Пенсилванија со менување на датумот на гласачките ливчиња е дезинформација која има за цел да ја наруши довербата во изборниот процес во САД.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.