ДОНАЛД ТРАМП НЕ ПОДНЕЛ ТУЖБА ПРОТИВ ОБАМА, КЛИНТОН, БИЛ ГЕЈТС, СОРОС, БАЈДЕН

Дезинформација бр:

#125

Дата:

14.05.2020

Извор:

mkdpress.site

Време на читање:

3 мин.

Оригинален наслов: „ ТРАМП ГО ПОВЛЕЧЕ НАЈХРАБРИОТ ПОТЕГ! OБЈАВИ ВОЈНА: Покрена тужба против Сорос, Гејтс, Клинтонови и Бајден

 

Насловот на статијата, објавена на анонимниот портал Мкд пресс на 14.05.2020, е тенденциозен и манипулативен. Во насловот е изнесено тврдење дека американскиот претседател Трамп поднел тужба против повеќе лица, меѓу кои се Клинтонови, Сорос, Гејтс и Бајден. Освен во насловот, никаде во текстот не е наведено дека поднесувач на тужбата е американскиот претседател , г-нот Доналд Трамп.

Линк до оригиналната статитија тука.

Објавениот текст е  дезинформација и кликбејт. Оваа содржина претходно е споделена и на  порталите magazin.mk,  freeglobe.mk и блогот horoskop-krajnicki.mk.

Тимот на Ф2Н2 направи детална анализа, со цел да откриеме дали постои тужба, за која се пишува во наведениот манипулативен текст.

Иако во самиот наслов стои дека „ТРАМП ГО ПОВЛЕЧЕ НАЈХРАБРИОТ ПОТЕГ! OБЈАВИ ВОЈНА: Покрена тужба против Сорос, Гејтс, Клинтонови и Бајден “, никаде во текстот не е наведено дека поднесувач на тужбата е американскиот претседател , г-нот Доналд Трамп.

Во текстот стои:

„Судска постапка е поднесена во федералниот суд во Калифорнија против двајца поранешни претседатели на Соединетите држави, неколку члена на нивните семејства, блиски соработници, спонзори, како и странски политичари и компании..

Судската постапка со 87 страници е поднесена против Барак Обама, Бил и Хилари Клинтон, oeо и Хантер Бајден, Бил Гејтс, Georgeорџ Сорос и други претставници на поранешната администрација и „длабоката држава“.

Во тужбата се опфатени и некои од најуспешните компании Amazon, Boston Dynamics, Hanson Robotics, Sensetime, Icarbon X, Tesla Inc., Neuralink Inc., Alphabet Inc., како и Facebook на Гејтс Мајкрософт и Зукенберг. На списокот се наоѓаат и кинеските компании Хуавеи и Алибаба, како и Кинеската комунистичка партија.

Тврдењето дека  американскиот претседател поднел тужба, како што манипулативно наведува насловот, е невистинито. Всушност, поднесувач на обвинението е извесен Сајрус А. Парса. Порталот МКД пресс нe наведува кој е изворот на информациите, но истиот овој текст објавен на порталот на Магазин.мк како свој извор го наведува webtribune.rs кој е линкуван на крајот на целиот текст.

Текстот од webtribune.rs кој е искористен како извор на Магазин.мк, е објавен на 02.05.2020, и истиот беше разобличен од страна на босанскиот проверувач на факти Раскринкавање.ба.

Доколку го пребарувате лицето Сајрус А. Парса, ќе наидете на Твитер профил со неговите податоци кој има 21.000 следбеници и извесна организација која е раководена од споменатото лице. Податоци за неговата стручност, вештини и сл, не може да се пронајдат.

Парса на 06.01.2020 креирал фонд за поддршка за да може да ја реализира  посочената тужба. Успеал преку донации да собере 9.971 американски долари. Тој навистина поднел тужба против повеќе личности, компании, медиуми, фондации и организации. Тој ги обвинува за злоупотреба на напредните технологии, за што бара и финансиска отштета. Првично тужбата е поднесена на 16.12.2019, но потоа има неколку надополнувања на 26 и 27 февруари 2020 и последното на 05.05.2020.  Овие податоци може да се пронајдат на страната на онлајн судската архива на САД.

Не постои корелација која ги поврзува Сајрус, неговата тужба и Трамп. Но, и тоа е манипулативен обид кој има за цел креирање на погрешен впечаток дека Трамп стои позади оваа тужба. Вистината е дека американскиот претседател нема поднесено тужба кон наведените лица.

Тимот на Ф2Н2 го цени овој текст како дезинформација и ‘кликбејт’. Иако на прв поглед се однесува на Претседателот на САД, Трамп, сепак овој наратив има за цел да покаже дека САД се во големи проблеми. Целта на ваквите наративи е да се прикажат САД и Западните земји како поделени и неединствени.

Leave a Reply

Share via
Copy link