ДРЖАВЕН ИЗВЕШТАЈ: РУСКИТЕ, КИНЕСКИТЕ И ИРАНСКИТЕ ДЕЗИНФОРМАТИВНИ НАРАТИВИ ОДЕКНУВААТ ЕДНИ ОД ДРУГИ

Трите влади притискаат низа на исти пораки, вклучително и дека коронавирусот е американско биолошко оружје.

Од Бетси Вудроф Сван

04/21/2020 04:30 часот ЕДТ

Кина, Иран и Русија ја користат кризата со коронавирусот за да започнат пропаганда и напад со дезинформации против Соединетите Американски Држави. Извештајот, кој не е јавен, а изработен од Центарот за глобален ангажман на владата на САД, ги идентификува следниве наративи:

– Коронавирусот е американско биолошко оружје,

– САД добиваат политички поени од кризата,

– Вирусот не потекнува од Кина,

– Американските трупи го раширија вирусот,

– Американските санкции ги убиваат Иранците,

– Одговорот на Кина беше одличен додека САД се несовесни,

– Сите три влади добро управуваат со кризата,

– Американската економија не може да се носи со исходот/последиците од вирусот.

 

Пред да се рашири вирусот надвор од Кина, се вели во извештајот, преклопувањето меѓу пораките на трите влади беше прилично тесно: Сите тие ја бранеа владата на претседателот Николас Мадуро во Венецуела.

Веќе од февруари 2020 година, според извештајот, пораките на овие влади почнале да се приближуваат.

Некои од дезинформациите беа продукт на државните медиуми, а некои беа пласирани од самите влади. Пораките на кинеската влада беа одбрамбени и навредливи. За краток временски период Кинеската комунистичка партија (ККП) тргна од давање дозвола за пласирање на руски дезинформации во која се тврди дека САД се изворот на ширење на вирусот на кинеските социјални медиуми, до поставување прашања на државните медиуми за изворот на потеклото, за промовирање на дезинформациите дека САД се изворот на вирусот. Исто така, тие вклучуваа и гласна критика за тоа како демократските земји реагираа на кризата. Една од главните пораки е дека „Кина е силен глобален лидер во здравството, а Соединетите држави се слаб сојузник.“

Портпарол на Министерството за надворешни работи на Кина го промовираше тврдењето дека “САД се одговорни за вирусот “. Во својот пост на твитер, портпаролот Лиџијан Жао објави статија во која се тврди дека коронавирус можно е да е дојден од САД.

Официјалната веб-страница на Министерството за одбрана на Русија ја истакнува теоријата на заговор дека милијардерот Бил Гејтс имал улога во креирањето на вирусот. Портпарол на руската амбасада во Соединетите Американски држави го означи твитот на амбасадата во кој се тврди дека земјата не шири дезинформации, како и Фејсбук пост во кое се критикува Министерството за одбрана на САД кое ја обвинува Русија дека прават напори за ширење на дезинформации. „Во вакви услови, избезумената #Русофобија опстојува во американските мејнстрим медиуми, добивајќи неточни информации од ваквите брифинзи на Пентагон и на Стејт департментот на САД“.

На 3 март, медиумска компанија контролирана од вооружените сили на Русија “ЗВЕЗДА” објави статија со наслов „Бил Гејтс, тајна лабораторија и заговор на фармацевтски компании: кој може да има корист од коронавирусот”. Оваа статија заговара дека Гејтс имал сознанија за вирусот и тврди дека само луѓе од „Монголската раса“ можат да се заразат со Ковид-19. Статија на Русија Денес го истакнува тврдењето на шефот на Исламската револуционерна гарда, дека вирусот може да биде американски биолошко оружје. Иако, во статијата на РД е истакнато дека сè уште не постои „официјален доказ“ за таа теорија на заговор.

Портпаролот на мисијата на Иран во Обединетите нации рече дека „САД се одговорни за каква било пропаганда или дезинформација за пандемијата, а не Иран “. Понатаму, во својот емаил тој изјави дека „обвинувањето на другите за своите грешки е белег на оваа администрација на САД“.

Едни од најинтересните наративи за кои најмногу се заинтересирани интернет корисниците се кинеската и американската странска помош, како и содржината за алтернативна медицина. „Од неодамна има се поголем интерес на интернет корисниците на арапски јазик кон западната странска помош, што е доста интересно, бидејќи претходно вниманието воопшто не беше насочено кон тоа“. Интернет-корисниците на хинди и персиски јазик сè повеќе се заинтересирани за веб-страници што „ја омаловажуваат западната медицина и предлагаат алтернативи, вклучително и енергетските терапии и сомнителни додатоци во исхраната“. Интернет-корисниците во Европа, вклучително и француски, германски и италијански, „ од неодамна анти-вакцинарското внимание значително се зголеми. “

 

*** Оваа статија е превземена од Politico.com, а линкот можете да го најдете тука.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap