ДВА НОВИ СЛУЧАИ ОД КОВИД-19 ВО НОВ ЗЕЛАНД

Tags: COVID-19New Zealand
By јуни 18, 2020 Corona, Other

По извесен период откако Нов Зеланд прогласи победа над коронавирусот, премиерката Ардерн  ја информирше јавноста  дека има два нови случаи на Ковид-19. Три недели Нов Зеланд беше без регистрирани нови случаи на коронавирусот.

 

Властите  регистрирале две жени кои од Нов Зеланд, како членови на семејство, добиле дозвола да патуваат во Велингтон со цел да присуствуваат на погреб. Според  информациите на раководителот за здравство, Ешли Блумфилд, жените биле тестирани за КОВИД-19 во центарот за тестирање во Велингтон.

 

Премиерката Арден изјавила дека овој случај ја докажал потребата од ригорезен систем на границата, поради што назначила воен надзор за следење на карантините и капацитетите за изолација.

Здравствените власти соопштиле дека контактираат околу 320 луѓе кои биле на летот или во хотелот во кој престојувале двете жени во карантин.

 

Извор: Euronews.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap