ОПИС

Оригинален наслов: ШЕЌЕРИНСКА ЈА ЗАТВОРА НАЈЕЛИТНАТА ЕДИНИЦА НА АРМ – ВОЛЦИ!Поранешениот директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, професор Александар Нацев, на својот фејсбук профил, на 21 мај, објави статус во кој вели дека министерката за одбрана Радмила Шеќеринска ја затвора најелитната единица на АРМ – ВОЛЦИ!“. Неговиот статус е превземен од страна на неколку портали, Magazin.mk, Opserver.mkVecer.mkVesnik.com.

Порталот Магазин со насловот упатува на тоа дека министерката за одбрана Радмила Шеќеринска ja затвора единицата “Волци“.  Во текстот стои целосната објава на Нацев, според која, на припадниците на единицата „Волци“ наводно им е соопштено дека околу триесет од нив треба „доброволно“ да побараат прекоманда и да бидат преместени на други работни места во останатите единици на АРМ“, со временски рок до крајот на месецот.Овие уцени и притисоци се последица на непрофесионалното управување со Министерството за одбрана, а воедно со тоа се влијае на моралот на најобучените и најелитните војници , се омаловажуваат токму оние кои први застануваат на бојното поле.

ФАКТ/И

Порталите кои ја објавиле оваа вест само го искористиле статусот на Нацев, без притоа да ја проверат точноста на информацијата, односно да побараат одговор за тоа од надлежните кои се спомнуваат во статусот.

На оваа “вест”, реагираше министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, со објава на својот фејсбук профил, во која вели дека се работи за лаги со кои се обидуваат да ја поткопаат Армијата.

Како одговор на тие лаги додава дека денес Армијата е членка на НАТО, со нова опрема, зголемени плати, чиј министер носи одлуки во НАТО и која што одигра важна улога во епидемијата.

Новинарите согласно Новинарскиот кодекс треба да објавуваат точни и проверени информации. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Ова “вест” е дел од наративите чија цел е да се предизвика гнев и незадоволство кај граѓаните и да поттикне недоверба во институциите и системот.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.