Дезинформација бр:

Дата:

Извор:

Време на читање:

мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: „Европската комисија пред 8 години во стрип го предвидела вирусот: Дошол од Кина, воведен бил карантин, а еве како го победиле“Порталот Точка.ком.мк објави текст во којшто се пишува  дека Европската Унија во 2012-та година го нарачала и објавила стрипот “Заразени”, кој страшно го предвидел тоа што се случува денес со глобалната пандемија на Covid-19. Меѓутоа, во оваа пропагандна презентација на пресметување со вирусот, глобалистичките бирократи на крајот ја спасуваат планетатa.Целта на овој дезинформативен текст е да се наведе читателската публика дека Европската Унија наводно знаела за вирусот уште пред осум години кога е објавен стрипот, алудирајќи  на тоа дека вирусот е намерно создаден.  Стрипот всушност е илустрација на една можна или пак видена ситуација на борба со инфекциски вирус, со лекари и институции на ЕУ кои што ја менаџираат ситуацијата, слична на оваа  на која  сме сведоци и денес.Се прават анализи и експерименти со патогени во  лабораторија во Кина. Одеднаш се појавува   човек  од иднината, кој  сака да го предупреди светот за тоа што ќе се случи, ако не се спречи пандемијата.Приказната има споредби и со пренесување на вирусот од животни на луѓе од еден преполн пазар во Кина. А глобализацијата односно авионскиот сообраќај според тесктот се главните виновници за проширување на пандемијата.Порталот не наведува извор на текстот, но според насловот и содржината многу е веројатно да се водел од текстот на српскиот пропаганден портал kurir.rs, којшто на истиот ден 18.05.2020, објавил текст со ист наслов и содржина само два часа пред објавата на Точка.мк. Но и на 17 ти мај, ден пред српскиот портал, руската државна телевизија Russia Today веќе имала сличен текст во којшто детално го анализира стрипот.Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Не е вистина деку ЕУ знаела за вирусот Covid-19. На страната на Европска Унија може да се најде  елетронска верзија од стрипот којшто се однесува на јавното здравје, превенцијата на болести, епидемиите, здравствената политика, меѓународната соработка, , меѓународната улога на ЕУ,  односно на можни ситуации со пандемија во светот и како ЕУ би се справила со една таква ситуација. Според тоа јасно е дека стрипот не е најава, ниту предвидување,  туку отсликување на ситуација од минатото. Во крајниот дел на документот се дава објаснување дека стрипот е базиран на неколку вистинити факти, случки од минатото, но е комбиниран и со фикција бидејќи таква е природата на стриповите. И независно од тоа што овој стрип е финансиран од ЕУ, напишан  е  од независни автори.Се работи за 2012 година кога низ светот на  големо се рашири Еболата и други вируси, и затоа логична е и содржината на стрипот.Иако приказната може да биде измислена, таа е испреплетена со некои фактички информации.Не е предвидување ако се случи друга пандемија, како што и досега  покажала историјата. За сличен пример на овој веќе пишувавме. Објаснивме дека кореографијата на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, за која што имаше теории на заговор дека го најавиле вирусот, беше обична уметничка претстава  на здравствениот систем на Англија низ годините.Сме пишувале и за изјавите на еден руски контроверзен тенисер кој што изјави дека вирусот е дело на Бил Гејтс кој што го предвидел вирусот и сака да ја чипува популацијата, иако Гејтс само пренел факти, историски познати како тоа дека светот избегнал пандемија од Ебола и дека по неколку години е веројатно да се појави друг вирус имајќи предвид дека само во текот на ХХ и ХХI век, светот поминал четири пандемии а во тек е петата пандемија со Covid 19.Не е потребен ни Гејтс, ни ЕУ за да знаеме дека светот имал неколку пандемии, а не се исклучува можноста од појава и на други пандемии. Во однос на наводите на порталот во текстот, за  оставката на  шефот на ЕУ за наука, во кои се тврди дека наводно  ја поднел поради нестручниот одговор на европските институции во врска со справување со вирусот, вистината е друга.  Имено, според Европскиот Совет за истражување, од неговото назначување, професорот Ферари покажал недостаток на ангажираност , не успеал да учествува на многу важни состаноци, поминал многу време во САД и не успеал да ја одбрани програмата и мисијата при претставувањето на Советот за истражување.Оттука,  теориите дека ЕУ е виновна или дека не прави доволно за спас од пандемијата се неточни. Уште помалку дека го предвидела вирусот.Со оглед на приложеното, повторно сме сведоци на дезинформација која потекнува од Русија а во Северна Македонија пристигнува преку Србија. Сепак, тоа што не смее да се занемари е фактот дека ваквите дезинформации имаат за цел да иницираат евроскептицизам и недоверба во системот и институциите.Затоа, не верувајте во се што ќе прочитате. Проверете пред да споделите!
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.