ЕК: КОРОНАВИРУСОТ НЕМА ВРСКА СО 5Г МРЕЖАТА, ИМА 50 ПАТИ ПОМАЛО ЗРАЧЕЊЕ ОД ДОЗВОЛЕНОТО

Медиумската информативна агенција (МИА) објави дека Европската Комисија демантира каква била поврзаност на пандемијата предизвикана од коронавирусот со поставување на 5G мрежата. Одговарајќи на новинарски прашања, портпаролот на ЕК за дигитална економија изјави дека  “не постои никаква географска или друга поврзаност помеѓу распоредувањето на 5G мрежата и појавата на коронавирусот“.

Портпаролот дополнително објаснува дека изложеноста на зрачењето на 5G мрежата е „педесет пати помала од она што научните докази велат дека треба да биде за да им последици врз здравјето.“

Европската Комисија убеди дека заштитата на здравјето е највисокиот приоритет на Европската унија, а ова ја вклучува и 5G мрежата.

ЕК потсети дека активно работи и на борбата со дезинформациите кои што масовно се објавуваат за последици од поставување на 5г мрежата, нешто за што и нашиот сервис пишува постојано.

Тимот на F2N2 ја третира оваа дезинформативна кампања веќе подолг период. Понудивме повеќе информации на темата поткрепени со факти. Работевме на лажни информации поврзани со “тајното воведување на 5G во Северна Македонија“ , ги разобличувавме најразличните “теории на заговор“ и митовите кои произлегуваат од тоа. Истовремено, пишувавме и за безбедносните придобивки од 5G мрежата.

Барајте информации од повеќе извори, проверете пред да споделите.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap