ЕСКПЕРТИ НА СЗО ВО КИНА ЌЕ ВРШАТ ИСТРАГА ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Tags: ChinaCOVID-19WHO
By јули 11, 2020 Corona, Retrieved

Истражувачите  на СЗО се упатуваат кон Кина, со цел да откријат од кое животно потекнува коронавирусот и како се пренел кај луѓето.

 

Светски експерт за здравствена заштита на животните и епидемиолог, патуваат во Пекинг за да ја организираат истрага. Експертите ќе работат со кинески научници, во насока на дефинирање на обемот и насоките на истрагата, изјавила портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, на брифингот на ООН во Женева во петокот 10.07.2020.

 

Се смета дека вирусот се појавил на пазар во кинескиот град Вухан во декември 2019 година. Некои експертите сметаат дека  вирусот ја прескокнал бариера меѓу луѓето и дивите животни кои се продаваат на пазарот,  но сепак тоа не го знаат со сигурност.

 

На Светското здравствено собрание во мај, повеќе од 120 нации побараа истрага за потеклото на вирусот. Кина инсистираше на тоа дека СЗО ја води истрагата, а меѓу другото и нагласи дека треба да се почека, додека пандемијата не биде ставена под контрола. Испраќањето на двајцата експерти на оваа мисија, според СЗО, е со постигнат компромис.

 

Извор: DW.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap