ЕУ БАРА ПОСВЕТЕНОСТ ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ОД ДИГИТАЛНИТЕ ПЛАТФОРМИ

БРИСЕЛ (Ројтерс) – Европската Унија неопходно е посилно да настојува Фејсбук, Гугл и Алфабет и Твитер да ги применат заложбите, за кои веќе се потпишаа во борбата против  лажните вести, па дури и применувајќи санкции, се вели во студијата направена за Европската комисија, преставена на 08.05.20202.

 

Трите американски технолошки гиганти, заедно со Модзила и трговските тела кои ја претставуваат индустријата за рекламирање, се договорија во октомври 2018 година за практичен саморегулирачки кодекс за решавање на дезинформациите, во обид да  спречат носење законска регулатива.

 

Извршната власт на ЕУ во своите извештаи ги потврди напорите на компаниите, но и ги повика да направат повеќе. Минатата година, таа нарача студија за да се разгледа прашањето. Студијата укажува дека кодексот треба да продолжи како основа за понатамошно дејствување, но веќе се регистрирани некои недостатоци. Клучни меѓу нив се саморегулаторната природа на кодексот, недостатокот на униформност во спроведувањето, како и непрецизноста околу неговиот делокруг и некои клучни концепти, се наведува во студијата. Се препорачува да се додадат неколку дополнувања на кодексот, со цел да се обезбеди усогласеност.

 

Извор: Reuters.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap