ЕУ И ОБСЕ МАНИПУЛАТИВНО ЗЛОУПОТРЕБЕНИ

Дезинформација бр:

#173

Дата:

15.07.2020

Извор:

mkdpress.site

Време на читање:

3 мин.

Оригинален наслов: ЕУ И ОБСЕ ЗАПРЕПАСТЕНИ? Нема да ви се верува какви прекршоци се случуваат по избирачки места!

На 15.07.2020 порталот Mkdpress.site објави клик бејт текст, во чиј наслов е наведено манипулативно тврдење дека ЕУ и ОБСЕ се запрепастени од прекршоците кои се случуваат на избирачките места.

 

Линк до оригиналната статијa тука.

Објавениот текст е клик бејт во кој е изнесена мапипулација дека ЕУ и ОБСЕ се изненадени односно запрепастени од прекршоците кои се случуваат на избирачките места. Изнесеното тврдење не кореспондира со објавениот податoк во содржината на текстот, односно никаде со факт не е поткрепено изнесеното тврдење во насловот.

Тимот на Ф2Н2 ги провери официјалните профили на твитер и фејсбук и интернет страните, каде вообичаено ОБСЕ и ЕУ ги изнесуваат своите ставови. Таму немаше никаква реакција со која може да се потврди веродостојноста на искажаното тврдење во насловот на текстот.

Дополнително, следниот ден на 16.07.2020 година, ОБСЕ/ОДИХР, ЕУ и Амбасадата на САД јасно и недвосмислено констатираа дека изборите беа спроведени добро и без проблеми, во согласност со препораките и протоколите за заштита на здравјето на граѓаните во услови на пандемија.

Од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР истакнаа дека „ова е многу предизвикувачко време за одржување на избори и ние ги препознаваме напорите на властите да се прилагодат на новите околности. Самиот ден на изборите помина без проблеми, и покрај некои технички предизвици со известувањето за резултатите.“

Амбасадата на САД во Скопје, во своето пишано соопштение, истакна дека „ги препознава огромните напори на локалните претставници задолжени за избори кои со сите напори осигураа, и покрај тековната пандемија, да се заштити здравјето и на гласачите и на членовите на избирачките центри и на набљудувачите.“ Од Амбасадата на САД сметаат дека „како први општи избори кои се одржале во Северна Македонија од влезот во НАТО и добивање на поканата за започнување преговори за пристапување во ЕУ претходно оваа година, овие избори претставуваат важен чекор за демократијата.“

Во заедничката изјава на високиот претставник/потпретседател Жозеп Борел и комесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вареи за предвремените парламентарни избори во Северна Македонија се наведува следново:

„Според првичните наоди и заклучоци на меѓународните набљудувачи од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), изборите генерално се спроведоа добро и со извесни прилагодувања поради пандемијата, а кампањата беше навистина натпреварувачка… Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и со нетрпение очекува што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција…“

Пласираниот текст е клик бејт, во кој е изнесено манипуативно тврдења дека ЕУ И ОБСЕ се изненадени од изборните манипулации на гласачките места. Изнесеното тврдење не е поткрепено со официјален став. Пласираната манипулација може да придонесе за погрешно информирање на јавноста, креирајќи впечаток дека постојат нерегуларности кои го доведуваат во прашање кредибилитетот на изборниот процес.

Тимот на Ф2Н2 го оценува овој текст како манипулативен, сензационалистички и непрофесионален .

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap