ЕУ ЈА ЛОЦИРА ОДГОВОРНОСТА ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ КАЈ ЦУКЕРБЕРГ

БРИСЕЛ (Ројтерс) – Европскиот комесар за индустријата, Тиери Бретон, во понеделникот 18.05.2020 го предупреди извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, дека неговата фирма за социјални медиуми и другите технолошки гиганти може да бидат подложени на строги правила, доколку не ги засилат напорите да го спречат ширењето на дезинформациите.

 

„Кога сте извршен директор, на крајот на денот, вие сте единствениот што треба да одговарате, никој друг“, изјавил Бретон за време на онлајн настанот организиран од Европскиот центарот за регулатива (CERRE).

 

Бретон и претходно го предупредил Цукерберг. Имено пред три месеци, за време на посетата на Брисел, Бретон му укажал дека мора да се прилагоди на европските стандарди, а не обратно.

 

Регулаторите ширум светот ги повикаа социјалните платформи, како Фејсбук, Гугл и Твитер, да направат повеќе за да го спречат протокот на дезинформации, особено лажните вести поврзани со коронавирусот.

 

Извор:  Reuters.com

Share via
Copy link