ЕУ ЌЕ НАБАВИ 30.000 ДОЗИ ОД ЛЕКОТ РЕМДЕСИВИР ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19

By јули 30, 2020 Corona, Retrieved

БРИСЕЛ (Ројтерс) – Eвропската Унија во средата 29.07.2020, соопшти дека е постигната согласност за набавка на извесна количина од лекот Ремдесивир. Набавката на лекот ќе биде извршена преку американската фармацевтска компанија Гилеад. Според очекувањата, со оваа набавка ќе се задоволат краткорочните потреби на европските пациенти, а според планот извесно е дека поголема количина ќе може да се набави подоцна.

 

Овој лек е единствениот кој досега  е овластен во ЕУ за лекување на пациенти со сериозни симптоми на КОВИД-19, но скоро сите расположиви резерви од лекот, веќе ги купиле од САД.

 

Комисијата на ЕУ се согласи да плати 63 милиони евра (74 милиони американски долари), со цел да се изврши ограничената набавка, која ќе  овозможи лекување на околу 30.000 пациенти, се вели во соопштението.

 

 Извор: Reuters

Share via
Copy link
Powered by Social Snap