ФАУЧИ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА БРОЈКА ОД 100 ИЛЈАДИ ДНЕВНО ВО САД

Tags: COVID-19USAWHO
By јули 1, 2020 Corona, Retrieved

Главниот експерт на управата за инфективни болести на САД, д-р Ентони Фаучи, изјавил пред американскиот Сенат дека „не би бил изненаден“ доколку новите случаи на вируси во земјата достигнат бројка од 100.000 дневно.

„Јасно е дека не ја контролираме ситуацијата сега“, изјавил тој, предупредувајќи дека Американците не носат маски или  не го запазуваат социјално растојание.

 

Според него,  околу половина од сите нови случаи се од четири држави.  Најтешко погодени моментално се Флорида, Аризона, Тексас и Калифорнија.

Во вторникот 30.06.2020, бројките пораснаа за над 40.000 во еден ден, неколку дена последователно.

 

Порастот кој  е особено изразен во јужните и западните држави, принуди најмалку 16 држави да ги паузираат или да ги ревидираат нивните планови за повторното отворање, пренесе Си-Ен-Ен.

 

 

Извор: BBC.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap