ФЕЈСБУК ЗАТВОРИ СТРАНА НА ТЕОРЕТИЧАР НА ЗАГОВОРИ

Фејсбук ја симна официјалната страница на теоретичарот на заговор, Дејвид Ике поради објавување „здравствена дезинформација која може да предизвика физичко оштетување“.

Ике во неколку наврати упатувал неколку лажни тврдења за коронавирус, меѓу нив и дезинформацијата која сугерира дека мрежите за мобилни телефони од 5G се поврзани со ширењето на вирусот.  Во едно од шпекуалтивните видеa, тој посочил дека еврејска група стои зад вирусот.

Од Фејсбук информирале: „Ние ја отстранивме оваа страница поради постојано кршење на нашите политики за штетно дезинформирање“ . Фејсбук признава дека теориите на заговор кои постојано се промовирани од Дејвид Ике, спаѓаат во категоријата на штетни дезинформации. Ова не е првпат Фејсбук да отстрани содржина од него, но овојпат платформата отиде еден чекор подалеку, со одлуката за отстранување на неговата страница.

Центарот за борба против дигитална омраза (CCDH) објави отворено писмо во кое ги повикува технолошките компании да ги забранат сметките на г-дин Ике.

Во писмото се вели дека Амазон, Фејсбук, Твитер и ЈуТјуб ги засилиле „расизмот и дезинформациите на Ике кај милиони луѓе“. Писмото добило поддршка и од пратеникот Демјан Колинс, но и од неколку познати доктори.

Британскиот регулатор за медиуми Офком, го истражуваше интервјуто во кое Дејвид ги споделува своите непоткрепени ставови за причините за појава на КОВИД-19.

 

Извор: BBC

Share via
Copy link
Powered by Social Snap