ПАРИЗ (Ројтерс) – Франција разгледува можности за формирање на фонд од 1 милијарда евра (1,1 милијарди американски долари), како дел од планот за итни случаи со цел да ја помогне авио индустријата. Деталите се очекува да бидат откриени во наредните денови, изјавил министерот за транспорт во неделата 07.06.2020.

Извори кои се во тек, за медиумите откриваат дека француската влада и претставници на индустријата преговараат за фонд за инвестиции од 1 милијарда евра. Овој фонд ќе биде обезбеден од приватни средства, со цел да се помогне, малите снабдувачи од овој сектор да се опорават од кризата предизвикана од коронавирусот.

„За еден од фондовите, тоа е повеќе или помалку цел“,  изјавил министерот Жан Баптист Џибари за каналот за вести ЛЦИ на прашањето дали е предвидена сума од 1 милијарда евра.

Тој не прецизирал што ќе покрие тој фонд или колку други фондови  ќе има, додавајќи дека иницијативата ќе биде претставена „следната недела“.

 

Извор: Reuters.com

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.