ГЕРМАНИЈА АКТИВИРАШЕ АПЛИКАЦИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА КОВИД-19 ПРЕКУ ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ

БЕРЛИН (Ројтерс) –Германија се обиде да ја мобилизира јавноста во вторникот 16.06.2020 со цел да ја преземе новата апликација за рано предупредување преку паметните телефони. Апликацијата има цел да помогне во прекинувањето на ланецот  од инфекции со коронавирус.  Станува збор за една од неколкуте такви апликации низ Европа, преку кои владите се надеваат дека ќе ги оживеат патувањата и туризмот. Апликацијата е достапна за инсталирање и користење.

 

Новата апликација ќе користи блутут опција, со чија помош телефонските уреди ќе може да разменуваат податоци, но податоците ќе бидат шифрирани, а по две недели автоматски ќе бидат избришани.

 

Германија ги следи европските земји како Италија, Полска и Швајцарија во користење на апликацијата, кои ја штитат приватноста со зачувување на лозинките. Германската апликација  нема да ги лоцира корисниците. Таа само ќе препознава кои други корисници се во близина.

„Секој што ја презема апликацијата и секој  кој ги охрабрува пријателите да го стори тоа, прави разлика“, изјавил министерот за здравство Јенс Спан.

 

Извор: Reuters

Share via
Copy link
Powered by Social Snap