ГЕРМАНИЈА ДАДЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ВАКЦИНА ЗА КОРОНАВИРУСОТ ВРЗ ЛУЃЕ

БЕРЛИН (Њујорк Тајмс) – Германија се согласи за испитувања на потенцијалните вакцини против коронавирусот врз луѓе. Испитувањето ќе го врши биотехнолошкиот гигант „БиоНтек“. Вакво тестирање е планирано и во САД, откако ќе биде обезбедена дозвола за тестирање на вакцината кај луѓе.

„Истражувањето на почетокот ќе опфати 200 здрави луѓе, додека во втората фаза ќе бидат вклучени и  субјекти со поголем ризик за заболување“- откри германскиот регулатор за вакцини „Пол Ерлих Институт“.

Кина во март започна со тестирање на вакцината кај луѓе. Првично  за човечки тестови, одобрени биле две различни експериментални вакцини. Нивните истражувања ги вршат единицата на Синовац Биотек и Институтот за биолошки производи од Вухан. Покрај нив, Кина во март дала зелено светло и за уште едно клиничко испитување за кандидат за вакцини,  кој е развиен од Академијата за воени медицински науки и биотехнолошката фирма CanSino Bio.

 

Извор: The New York Times

Share via
Copy link
Powered by Social Snap