ГЕРМАНИЈА НЕ СЕ ПИШМАНИ, ТУКУ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ

Дезинформација бр:

#169

Дата:

0107.2020

Извор:

infomax.mk

Време на читање:

3 мин.

Оригинален наслов: Преговори нема ни годинава, Германија се пишмани

Порталот Infomax.mk на 1 јули 2020 година, објави текст со наслов: Преговори нема ни годинава, Германија се пишмани. Како извор на текстот е наведен српскиот портал  Б92 кој се повикал на Танјуг.

 

Во текстот се вели: Висок германски претставник при претставувањето на агендата на претседавањето до крајот на годината проширувањето и Западен Балкан ги спомна дури на инсистирање на медиумите. Тој не можеше да ‘вети’ дека до крајот на годината ќе успеат да се организираат ни првите официјални конференции со Северна Македонија и со Албанија, кои сè уште чекаат на потврда на преговарачката рамка“, пишува Б92.

На 1 јули 2020 Германија го превзема претседавањето со Европската Унија. Ова го искористил порталот Инфомакс да објави тенденциозен и манипулирачки наслов Во содржината на текстот стои и одговорот на германскиот претставник :”Ќе направиме најдобро што можеме да напредуваме со проширувањето и да организираме меѓувладини конференции во текот на шесте месеци од германското претседателство”.

 

Но тоа не му било доволно на авторот па го објавил текстот со наслов во кој изнесува тврдење дека преговори нема да има, Германија наводно се пишманила.

Ова тврдење не е точно. Имено, Германија, која од 1-ви јули го презеде претседавањето со Советот на ЕУ, се надева дека тоа ќе се случи за време на нејзиното претседавање.

 

И како што пишуваше 360 stepeni.mk, Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека неговата земја се надева оти првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија ќе се одржи оваа есен, јави МИА од Брисел.

Меѓувладината конференција го означува де факто почнувањето на преговорите за членство со Унијата и отворањето на првото поглавје.На прашање дали има изгледи Северна Македонија да ги почне преговорите за време на германското претседавање со ЕУ, Рот одговори потврдно. „Дадовме зелено светло за Северна Македонија и Албанија. Беше многу тешко да ги убедиме нашите партнери во ЕУ и се надевам дека официјално ќе можеме да ги почнеме преговорите со првите меѓувладини конференции за време на германското претседателство. Можеби наесен и конечно се надевам дека ќе бидеме поактивни во регионот, ова е од клучна важност“, изјавил Рот.

Претседавањето на Германија со Европската Унија ќе биде во фокусот на справување со кризата од пандемијата, но во официјалната програма “Заедно за закрепнување на Европа”, се наоѓа и делот за проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан.

“Бараме кредибилна перспектива за пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан. Нивно приближување кон Европската унија е заеднички интерес на Западен Балкан и стратешки интерес на ЕУ. Наспроти ова, ние активно ги водиме тековните преговори за пристапување на Србија и Црна Гора и се подготвуваме за започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија со изготвување на преговарачката рамка за овие две земји, земајќи ја предвид новата методологија за проширување“.

 

Со оглед на ова јасно е дека се работи за текст чија цел е кај јавноста да ја поткопа довербата во Европската Унија и секако да поттикне незадоволство од досегашниот постигнат успех на патот кон членството. На ваков начин се манипулира јавноста која не секогаш е во можност да ги следи сите официјални документи на Европската Унија.Медиумите се тие кои треба да ја информираат јавноста за тоа што точно се случува.

Ова не е првпат посочениот портал да објавува текстови со кои предизвикува Анти-ЕУ сентимент кај граѓаните.

Leave a Reply

Share via
Copy link