Германските власти во покраината Северна Рајна-Вестфалија воведоа карантински ограничувања во два окрузи, по брзиот раст на заразени.

Во едниот дел се опфатени домовите на вработените во фабриката за месо, од каде повеќе од 1.500 работници се позитивни.

Премиерот на државата, Армин Лашет изјавил дека „превентивните мерки“ во областа Гиртерлох ќе траат до 30 јуни.

И соседната област Варендорф ги враќа рестрикциите.

Државниот министерот за здравство, Карл-Јозеф Лауман, го најави вториот карантин, само неколку часа по првиот, нагласувајќи дека се потребни дополнителни мерки „за да се заштити населението“.

Ова е првпат  да се повторат рестриктивните мерки во Германија, откако земјата ги релаксираше мерките во мај.

Германија беше оценета позитивно за целокупниот одговор во справуавњето со пандемијата, но се појавија стравувања дека инфекциите повторно растат.

Властите во Северна Рајна-Вестфалија беа меѓу оние настојуваа да ја убедат  канцеларката Ангела Меркел да ги олесни националните ограничувања.

 

Извор: BBC.com

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.