ГЕРМАНСКАТА БУНДЕСЛИГА ЌЕ ПРОДОЛЖИ МЕСЕЦОВ, НАЈАВИ МЕРКЕЛ

Германската сезона во Бундеслигата може да продолжи овој месец, потврди канцеларката Ангела Меркел.

 

Ова би значело дека Бундеслигата ќе стане првата голема лига во Европа што се враќа на терените, додека конкретниот датум за продолжување се очекува да биде потврден од германската фудбалска лига (ДФЛ) денес 07.05.2020.

 

Сите натпревари ќе се играат зад затворени врати. Со уште девет натпревари до крајот, Баерн Минхен е на врвот на табелата, четири бода пред Борусија Дортмунд.

 

Кристијан Сејферт, главниот извршен директор на ДФЛ изјавил: „Денешната одлука е добра вест за Бундеслигата и Бундеслигата 2. Се очекува голема одговорност од клубовите и нивните вработени во насока на спроведување на медицинските и организационите барања на дисциплиниран начин.“

 

Извор: BBC.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap