ГЕРМАНСКИТЕ ВЛАСТИ СО СИЛНА ЗАГРИЖЕНОСТ, ПОРАДИ РАСТОТ НА ЗАРАЗЕНИ

Водечкиот германски експерт за контрола на болести изјавил дека е многу загрижен заради растот на заразени во земјата.

„Ние сме во во центарот на рапидно развивање на пандемијата“, им изјавил на новинарите Лотар Вилер, раководител на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ).

 

Тој смета рече дека Германците станале „несовесни“ и апелира луѓето да носат маски, како и да ги почитуваат правилата за социјално дистанцирање и хигиена.

Изминатата недела, земјата регистрираше 3.611 нови инфекции.

 

Предупредувањето доаѓа во мигови кога земјите ширум Европа, се справуваат со нови инфекции, а истовремено поради одморите, движењето меѓу земјите низ континентот е поголемо.

 

Извор: BBC.com

Share via
Copy link