ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ НЕ ТРЕБА ДА СОДРЖИ СЕРИСКИ БРОЈ

Дезинформација бр:

#171

Дата:

14.07.2020

Извор:

N/A

Време на читање:

2 мин.

На дел од порталите се појави информација во која се тврди дека на гласачките ливчиња немало отпечатено сериски броеви, ниту пак имало скриени броеви видливи под УВ ламба.

Се работи за дезинформација. Гласачките ливчиња кои им се даваат на гласачите не содржат сериски број. Серискиот број останува на кочанот од кој се откинуваат гласачките ливчиња. Што се однесува до безбедносната заштита на гласачкото ливче, истата се определува со одлука на ДИК која е тајна, и никој не може да знае какви безбедносни елементи содржи гласачкото ливче.

 

Медиумите мора одговорно да се однесуваат за време на изборниот процес и да објавуваат информации кои се проверени и потврдени.

Leave a Reply

Share via
Copy link