ХАКЕР, КОЈ ТВРДИ ДЕКА УСПЕАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО СИСТЕМОТ НА БОТОВИ НА СНС (СРПСКА НАПРЕДНА СТРАНКА), ОБЈАСНУВА КАКО “РАБОТАТ”

Tags: BotsHackersSNS
By мај 12, 2020 Other

Како функционираат таканаречените партиски ботови? Хакер, кој тврди дека влегол во системот на организираното пишување коментари на интернет порталите, вели дека, според неговите податоци, најголем дел од активистите на интернет се вработени во јавните претпријатија.

Според легендата, Робин Худ е англиски херој, кој, откако ќе остана без својот замок, краде од богатите и им дели на сиромашните. Српски Робин Худ, од друга страна, е хакер кој провалува во дигиталниот замок на владејачката партија, системот „Замок“, во кој, според неговите тврдења, партиските ботови споделуваат пофалби и критики на интернет. Во превод, дигитална организација која ги собира луѓето со задача да го искриват јавното мислење во корист на Српската Напредна Странка.

“На пример, ако на еден од порталите се појави вест што е важна за владејачката партија, и да кажеме дека се однесува на Претседателот на Републиката и на некои негови активности што треба да се промовираат или пофалат, во истиот момент, се пишува упатство за таа вест и сите ботови се насочени кон тој портал и кон таа вест, и тие се должни да пишуваат пофални текстови, да го слават ликот и делото на претседателот, но според строго дефинирани упатства“, наведува @robinxud за ТВ Нова С

Упатствата се движат од диктирани пофалби за одредени лидери на партиите, па сé до оцрнување на одредени опозициски лидери. На пример, кога претседателот на Движењето на слободни граѓани имаше објавено слика со монах од манастирот Дечани, на активистите им беше наредено да ги дискредитираат и двајцата: “Појако тука – Јањиќ е срам за СПЦ, со такво распаднато наркоманиште се смее. Ај што си ти обична дилајла, ама Јањиќ е голем срам за верниците. Наркоманиште кое за Косово вика дека е независна држава”.

Според неговиот заклучок, системот е воспоставен пред шест години, а низ него поминале околу 3.000 луѓе. Повеќето од нив се вработени во јавни претпријатија,  и се сомнева дека со тоа се уценувани да учествуваат во креирањето на сликата на јавното мислење. Екстремен пример, како што наведува, е општината Печинци, каде сите во системот се работници и службеници во локалната самоуправа.

 

“Секое име што го пребарувавме на Гугл, нè однесе на веб-страницата на општината. Кога ги споредивме списоците на вработените во општината и списоците на ботови од системот, јасно беше дека тие се истите луѓе”, наведува хакерот.

Центарот за истражувачко новинарство уште минатата година напиша дека активистите на владејачката партија имале директен пристап до порталите Курир и Еспресо. Освен што откриле дека, без сомнение, IP адресата е регистрирана на седиштето на Српската Напредна Странка во Белград, тие ја откриле и информацијата дека сопственик на серверот е јавното претпријатие Телеком Србија.

“Телеком навистина им има обезбедувано услуга, меѓутоа, според нашите сознанија, Телеком можел, но и не морал, да знае за што се работи. Можно е да учествувал, постои солидна шанса, дека Телеком учествувал во овој процес, но исто така и дека не учествувал, така да, не можевме нив, на некој начин, да ги обвиниме за тоа“, рече Милица Шариќ од ЦИНС

Според зборовите на човекот кој влегол во системот на партиските активисти, ботовите ги контролираат Славиша Миќановиќ, член на Главниот одбор на Српската Напредна Странка, Марија Јовичиќ, советник на пратеничката група и Симо Чулиќ, некогашна десна рака на претседателот Томислав Николиќ, а денес, според пишувањето на медиумите, е вработен во Безбедносно Информативната Агенција.

Извор: N1info.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap