ХЕМИСКИОТ АГЕНС САРИН СЕ КОРИСТИ ЗА ДА СЕ ПОКРЕНЕ АНТИ-ЗАПАДЕН НАРАТИВ

Tags: Plane trailsPropagandaSarin
By декември 12, 2020 F2N2 ANALYSIS

Теориите на заговор за смртоносниот хемиски агенс сарин никако да стивнат. Секојдневно на социјалните мрежи може да видиме некаква објава во којашто нервниот гас сарин се поврзува со корона-вирусот. Фејсбук групите се преплавени со фотографии на кои што се гледаат белите линии коишто се појавуваат на небото откако ќе прелета авион. Тие бели линии, т.н. “chemtrails”, упорно се претставуваат како да станува збор за нервниот гас сарин, а се оди до таму што тоа се злоупотребува и за анти-ЕУ и анти-НАТО кампања.

 

На социјалната мрежа Фејсбук постои група со име “STOP ZA 5G MREZATA VO MAKEDONIJA” во која во последно време се споделува сè, освен информации за 5Г мрежата. На пример, може да се видат безброј видеа и фотографии од небо на кое се гледаат бели траги од авиони. Некои од објавите имаат сериозен број споделувања, односно дезинформацијата допира до голем број на фејсбук-корисници. Таков пример сликовито ви прикажуваме во продолжение.

Објавата на скриншотот брои над 1.400 споделувања и 1.200 интеракции. Во текстот над колажот од фотографии кои се објавени, се релативизира сериозноста на корона-вирусот, односно наведено е дека корона-вирусот не е опасен и дека предизвикувал смрт во многу ретки случаи. Во продолжение на текстот е наведено дека саринот е всушност тој кој што предизвикува смрт, поради тоа што авиони на ООН го испуштале во изминатите 20 години. Теоријата на заговор продолжува со дезинформацијата дека ПЦР тестовите давале лажни резултати, односно дека преку нив се преземала ДНК од пациентите врз кои се прават тестовите и резултатите се складирале во банки ДНК. Свесно се манипулираат луѓето, тврдејќи дека маските воопшто не штителе од вирусот, туку дека истите служеле за одржување дисциплина и создавање робовска психологија кај луѓето – ништо повеќе од теорија на заговор. За штетноста, опасноста и дезинформациите околу гасот сарин може да прочитате на следниов линк.

Во истата група забележан е и тренд на вести, т.е. дезинформации, коишто произлегуваат од српски или хрватски медиуми/граѓани.

Ваквите објави немаат никаква друга цел цел освен да поттикнат недоверба во институциите, а во исто време имагинацијата за дезинформации кога се во прашање ЕУ и НАТО е на завидно ниво. НАТО и ЕУ се претставуваат во црно светло и се етикетираат како главни виновници за се.

 

Она што е реално е фактот дека лицето кое било директно изложено на сарин има многу мали шанси за преживување, доколку за кратко време не добие соодветен третман.

Сите овие дезинформации поврзани со агенсот сарин и “chemtrails” не се ништо повеќе од теории на заговор насочени кон креирање паника и немир кај граѓаните.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap