ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ

АМСТЕРДАМ (Ројтерс) – Холандија ќе започне со ублажување на мерките за зaтворање поради коронавирус следната недела, скоро два месеци откако беа воведени. Ова го најавил холандскиот премиер Марк Руте на 06.05.2020.

 

Фазите со ограничувањата ќе бидат искористени во текот на следните четири месеци. Рестирикциите би се вовеле повторно, доколку коронавирус почне брзо да се шири повторно, предупредил  Руте.

 

„Чекорите за постепено отворање на економијата и јавниот живот ќе и’ дадат на нашата земја простор да погледне пошироко и да направи планови за иднината.  Ние ќе го сториме тоа што е можно побрзо, но најдобро е прво да останеме безбедни и здрави, за да не  се извинуваме подоцна “.

 

Маските за лице ќе бидат задолжителни како мерка во јавниот превоз од 1 јуни, истакнал премиерот.

 

Извор: Reuters.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap