ИНФЕКЦИИТЕ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА ДАТИРААТ ОД ЈАНУАРИ, ОТКРИВААТ НАУЧНИЦИТЕ

Tags: COVID-19Italy
By април 25, 2020 Corona, Other, Retrieved

РИМ (Ројтерс) – Инфекциите со Ковид-19 во Италија, датираат од јануари, велат податоците од научната студија, која фрла нова светлина за потеклото на коронавирусот во една од најтешко погодените земји во светот.

Резулатите од истражувањето ги соопштил  епидемиологот Стефано Мерлер  од фондацијата „Бруно Кеслер“.

„Видовме дека има многу заразени во Ломбардија, уште пред 20 февруари, што значи дека епидемијата почнала многу порано“-изјавил тој.

Италија беше првата поголема западна земја  која се соочи со коронавирусот, болеста која потекнува од Кина од крајот на 2019, а се рашири ширум целиот свет. Италијанските власти регистрирале околу 190.000 потврдени случаи, како и 25.500 починати лица.

 

Извор:  Reuters

Share via
Copy link
Powered by Social Snap