ИТАЛИЈА ЗАБРАНИ ПАТУВАЊЕ МЕЃУ РЕГИОНИ ЗА БОЖИЌ

Италија забранува патувања меѓу нејзините региони од 21 декември до 6 јануари, како дел од рестириктивните мерки за време на Божиќните празници. Во мерките е вклучен и полициски час од 22:00 до 05:00 часот.

Рестораните можат да се отворат во некои региони до 18:00 часот.  Скијачките патеки ќе бидат затворени до 7 јануари.

Ова се случува  по објавата на највисок дневен број на жртви во Италија од КОВИД-19, со 993 жртви во четвртокот 03.12.2020.

„Ние мора да го елиминираме ризикот од трет бран што може да пристигне во јануари, а нема да е помалку сериозен од првиот и вториот“, смета премиерот Џузепе Конте.

 

Предвидени  се исклучоци од патувања за работа, медицински причини или итни случаи.

Покрај регионалните забрани за патувања, на луѓето нема да им биде дозволено да ги напуштат своите родни градови за Божиќ и за Нова година.

Новите рестриктивни мерки наидоа на критика, која беше соопшетна јавно  како заедничката изјава на регионалните власти, кои сметаат дека централната влада не ги консултирала.

 

Извор: BBC

 

Share via
Copy link
Powered by Social Snap