ИТАЛИЈАНСКОТО МИНИСТЕСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ЈА РАЗОБЛИЧИ УПОТРЕБАТА НА АЛХОХОЛОТ КАКО МЕТОД ЗА „ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ“

Италијанското Министерство за здравство ја разобличи употребата на алкохолот како метод за „зајакнување на имунолошкиот систем“.

 

„Консумирањето на алкохол не штити од КОВИД-19 и не спречува некој да се зарази со новиот коронавирус“, се вели во изјавата на министерството. „Напротив, ризикот од инфекција е поголем, бидејќи алкохолот го ослабува имунолошкиот систем, па поради тоа ја намалува способноста на организмот да се справи со заразни болести“, стои во изјавата.

 

Министерството  за здравство на Италија стана дел од шифрираната платформа  „Телеграм“ на 31 март и оттогаш стекна над половина милион следбеници. На оваа платформа тие ги ажурираат податоците, но и ги објавуваат најновите дебункирања за митовите врзани за коронавирусот во Италија. Министерства од повеќе земји се приклучија на оваа платформа.

До 29.04.2020 вкупниот број на случаи од Ковид-19 во Италија е 203.591.

 

Извор: euronews.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap