ИЗНОСИ НА ДОНАЦИИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КОРОНАВИРУСОТ ОД ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ДОДЕЛЕНИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Според сите овие податоци, без разлика дали станува збор за директна помош или помош преку инструментите на овие големи сојузи, ЕУ и НАТО продолжуваат да бидат водечки во овој сегмент, не само во Северна Македонија, регионот туку и глобално. А за Соединетите Американски Држави, е пишувано и ќе се пишува. Се друго е само евтин обид за популизам, а тој, се побива само со факти.

„Пријателите во невоља се познаваат“, па така во овие тешки времиња вистинските пријатели на Република Северна Македонија (РСМ) одлучија да ни помогнат. Европската Унија официјално изјави дека на РСМ ќе и помогне со опрема и пари во вредност од 4 милиони евра. Но и покрај таа помош, некои земји членки на Европската Унија одлучија и индивидуално да и помогнат на РСМ. Нивната помош е следната:

 

Држава Донација Датум
Сојузна Република Германија Целокупен буџет од Малите проекти за 2020 година е имплементиран во проект за поддршка во вид на опрема за клиничкиот центар Мајка Тереза 27.03.2020
Кралство Холандија Тестови за коронавирус базирани на нуклеарна технологија наменети за Северна Македонија, Украина и Мароко во износ од 500,000 евра. 02.04.2020
Република Словенија 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра 03.04.2020
Република Унгарија 100 илјади заштитни маски и 5 илјади заштитни одела 06.04.2020
Република Чешка 1 милион заштитни маски 10.04.2020
Република Бугарија 100 заштитни медицински одела и заштитни маски за повеќекратна употреба 16.04.2020
Република Франција Маски N95 и

заштитна опрема

21.04.2020
Кралство Холандија Над 1000 лалиња и голем број на книги преведени на македонски и албански 28.04.2020
Република Франција Финансиска поддршка која се искористи за 3,160 спакувани оброци и 4,800 комплети за хигиена 28.04.2020
Република Унгарија Транспортна помош за кинеска донација која се состои од лична заштитна опрема 29.04.2020
Република Словачка 3 илјади маски за повеќекратна употреба 05.05.2020
Сојузна Република Германија маски КН95, хируршки маски, латекс ракавици, бесконтактни термометри, антисептички распрскувачи и средства за дезинфекција и заштитни очила 06.05.2020
Република Франција 200 пакети со храна и 100 маски за респираторна заштита 06.05.2020
Република Романија 10 илјади заштитни маски 12.05.2020
Кралство Шведска и Швајцарија Поддршка на дистрибуција на 1860 пакети храна и хигиенски производи за најсериозно погодените од ковид-19 кризата 13.5.2020
Република Австрија Донација зa потребите на Дирекцијата за Заштита и Спсување 15.05.2020
Република Бугарија 300 скафандери за медицинскиот персонал, 300 заштитни очила и визирки за здравствените работници на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби 22.05.2020
Република Полска 600 пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена 26.05.2020
Република Полска 100 илјади заштитни маски и 10 илјади литри средства за дезинфекција 28.05.2020

 

Она што е многу важно да се напомене во овој контекст е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија (МЦЗ) и Евро-Атлантскиот координативен центар за кризи на НАТО (ЕАДРЦЦ). Најголем дел од помошта е доставена преку овие два механизми.

Се работи за орган кој е формиран во 2001 година, чијашто основна задача е превенирање, подготвување за и одговор на непогоди. Тој се состои од земјите-членки на Европската Унија, 6 земји учеснички и Обединетото Кралство (за време на транзицијата до целосен излез). Шестте земји учеснички се: Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Турција, Исланд и Норвешка.

Како функционира овој систем? Кога одредена земја не може да се справи самостојно со непогодата, може да побара помош од МЦЗ како единствена точка во која се спојуваат донирачките капацитети на сите земји членки и се избегнува непотребно дуплирање и неефикасност. На тој начин се менаџира многу поефикасно со хуманитарната помош, бидејќи едно единствено тело ја координира целата помош која се дава од името на Европската Унија, а која ефективно е донирана од сите земји членки на Европската Унија. Ова исто така е подобро и за примателот на помошта бидејќи тој е заинтересиран да добие што е можно поефикасна помош, што подразбира добивање точно на она што е потребно, без притоа да има дуплирање и создавање на непотребни вишоци.

Начинот на којшто МЦЗ функционира е следниот: секоја земја во светот, Обединетите Нации и други меѓународни институции може да се обратат до МЦЗ за помош. МЦЗ има интервенирано во некои од најголемите непогоди, како на пример епидемијата со ебола во Западна Африка (2014) и во Демократската Република Конго (2018), земјотресот во Албанија (2019), итн. Помошта на Република Австрија на Република Северна Македонија од 15.5.2020, наведена во табелата погоре, е дадена преку МЦЗ. Важно е да се напомене и дека МЦЗ работи на координирање на спремноста и на превенцијата на евентуални непогоди кога станува збор за земји членки, како и придонесува за размена на најдобри практики.

Од друга страна, Народна Република Кина донираа 30 илјади евра во парични средства, како и над пет илјади тестови за КОВИД-19 и значајна заштитна опрема како што се заштитните скафандери, маски, заштитни капи итн.

Според сите овие податоци, без разлика дали станува збор за директна помош или помош преку инструментите на овие големи сојузи, ЕУ и НАТО продолжуваат да бидат водечки во овој сегмент, не само во Северна Македонија, регионот туку и глобално. А за Соединетите Американски Држави, е пишувано и ќе се пишува. Се друго е само евтин обид за популизам, а тој, се побива само со факти.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap