Теориите на заговор за потеклото на вирусот нѐ придонесувват кон подобра контрола и справување со пандемијата. Всушност ги потценуваат напорите на научниците, здравствените работници и службениците кои превземаат се што е потребно и возможно во борбата против овој вирус. Тоа што е потребно е секој од нас индивидуално преку почитување на мерките, да придонесе кон поефикасно справување со кризата. За жал, ваквите текстови не помагаат во овој процес, туку напротив, предизвикуваат недоверба во системот, и ги мотивираат граѓаните да не ги почитуваат мерките а со тоа и да се задржат во својата зона на комфор.

На социјалната мрежа фејсбук постои фан страна со име Македонија и Русија † Православен Сојуз со околу 10 илјади следбеници. Самото име на страната покажува дека нејзината ориентација е кон рускиот сојуз на сите православни земји, а од нејзините постови и споделувања, очигледна е целта, да гo демонизират западниот свет почнувајки од генијалците, интелектуалците, па се до организациите коишто секојдневно се трудат да најдат начини за подобрување на животот на луѓето како во западниот свет така и за останатите луѓе ширум светот.Ова не се должи на нашата перспектива како ги гледаме и толкуваме работите, туку се базира на факти кои ни укажуваат за постојаните трудови на тој западен свет за подобрување на животот на луѓето. Почнувајки од медицината со постојани истражувања кон наоѓање на вакцини за одредени болести кои го загрозуваат нашиот живот, па продолжувајќи кон индустријата со чија помош ни се олеснува животот, технологијата која ни помага за полесно извршување на одредени секојдневни задачи и аплицирање на истата во многуте области, како и многу други достигнувања од тој западен свет.Во еден пост од оваа ФБ страна  споделен е текст од порталот kolozeg.info,во кој се пишува за еден од највлијателните луѓе во светот кога зборуваме за генијалноста, достигнувањата во областа на технологијата односно за филантропот Бил Гејтс, основач на Мајкрософт и Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс. Насловот гласи дека Гејтсови си складирале храна уште пред појавувањето на новонастанатата пандемија на Ковид-19, и сега тие ќе се фокусирале само на наше насилно ванцинирање против истата пандемија.Како прво Ви даваме објаснување од ЕУ Комисијата за вакцинација каде што се вели дека: „Вакцинацијата е главната алатка за примарна превенција на болести и една од најекономичните мерки за јавното здравство на располагање. Имунизацијата преку вакцинација е најдобрата одбрана за превентива што ја имаме против сериозни, а понекогаш и смртоносни заразни болести. Благодарение на широко распространетата вакцинација, сипаниците се искорнети, Европа стана слободна од детската парализа (полиомиелитис) а и многу други болести се речиси елиминирани. Денес, повеќе од 100 милиони деца се вакцинираат годишно од болести како што се дифтеријата, тетанус, пертусис, туберкулоза, полио, сипаници и хепатитис Б. Вакцинацијата спречува околу 2.5 милиони смртни случаи ширум светот секоја година и ги намалува трошоците за лекување специфични болести, вклучувајки ги и антимикробните третмани (пропишани за вирусните инфекции). И покрај нејзиниот брилијантен рекорд, неколку ЕУ и соседни земји моментално се соочуваат со невидени епидемии на болести поради недоволно ниво на покриеност со вакцинација а истите може да се спречат со примање вакцина. Нееднаквиот пристап до вакцините и намалувањето на довербата на јавноста во вакцинацијата се причина за загриженост и голем предизвик за експертите за јавно здравство.“  Во текстот се пишува за тоа како Роберт Ф. Кенеди (внукот на Председателот Џон Кенеди) во неодамнешно интервју ја открива наводната поврзаност помеѓу Националниот Институт за алергија и заразни болести предводен од Др. Антони Фаучи, сегашниот советник на Трамп кој навидум ја креирал лажната коронавирус хистерија и напорите за присилно вакцинирање поддржани од Бил Гејтс.Понатаму пишува дека Мелинда Гејтс, ко-основач на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс неодамна на BBC Radio Live потврдила дека почнале да складираат храна во подрумот пред неколку години и тоа за во случај на пандемија.Не беше потребно многу да се истражува за да докажеме дека тоа всушност не е точно.Имено, дел од интервјуто на Мелинда Гејтс е објавено во продолжение на текстот на порталот Kolozeg.info, па дури со едноставно преведување со помош на Google Translate може да се заклучи дека тоа што авторот на текстот го пишува не се совпаѓа со одговорот на Мелинда Гејтс на прашање од новинарката на BBC Radio 5 live,  Ема Барнет.Во интервјуто  Мелинда одговара на прашањето дали тие направиле некакви подготовки и како изгледааат тие подготовки за брачен пар како нив, со оглед на појавата на паничeн шопинг кај луѓето. Одговорот го започнува со раскажување за тоа како со нејзината семејство пред неколку години разговарале за тоа што ако веќе би немало чиста вода за пиење, што ако веќе би немало доволно храна, каде би отишле, и како би се справиле тие како семејство со целата таа ситуација. Продолжува со тврдењето дека апсолутно тие како семејство се подготвиле и складирале храна во подрумот во случај да е потребно, и сега сите сме во истата ситуација. Ова е една болест што не засегна сите и сите сме заедно во оваа ситуација на пандемија. Тие како семејство ја разбираат својата привилегија и се благодарни што не се борат да стават оброк на масата како што се борат многу други ширум светот.Интервјуто се одржало на 16 Април оваа година. Со неточното (лажно) преведување и пренесување на јавноста, медиумите се обидуваат да наметнат загриженост и недоверба кон најголемите филантропи во светот какви што се Бил Гејтс, Марк Цукерберг, именувајки ги како дебили и глобалофашисти. Теориите на заговор за потеклото на вирусот не придонесувват кон подобра контрола и справување со пандемијата. Всушност ги потценуваат напорите на научниците, здравствените работници и службениците кои превземаат се што е потребно и возможно во борбата против овој вирус.Ова вест објавена од порталот Kolozeg.info и истата толкувана и споделена од ФБ страната Македонија и Русија † Православен Сојуз е само уште една лажна вест со која се манипулира јавноста. Нема потреба од загриженост и паника. Тоа што е потребно е секој од нас индивидуално преку почитување на мерките, да придонесе кон поефикасно справување со кризата. За жал, ваквите текстови не помагаат во овој процес, туку напротив, предизвикуваат недоверба во системот и ги мотивираат граѓаните да не ги почитуваат мерките, а со тоа и да се задржат во својата зона на комфор.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.