КАЛИФОРНИЈА ГИ ЗАТВOРА ПЛАЖИТЕ И ПАРКОВИТЕ, ПОРАДИ ЗАГРИЖЕНОСТ ОД КОРОНАВИРУСОТ

(Ројтерс)- Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом на 30.04.2020 објави дека ќе бидат затворени сите плажи и паркови во државата, поради загриженоста во врска со пандемијата на коронавирус.  Оваа уредба уследи по бранот посети на плажите од посетителите, во текот на изминатиот викенд.

 

Според Уредбата, од 1 мај, сите државани паркови и плажи во Калифорнија, ќе бидат затворени. Таа е проследена и до сите полициски началници во Калифорнија, со цел да се обезбеди нејзина реализација. Во меѓувреме ќе се направат напори, јавноста навремено да биде информирана за ограничувањата, со цел да  се избегне репризата на сцените со преполните плажи од претходно.

 

 

Извор: Reuters.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap