КАНАДА ОЧЕКУВА ОДОБРУВАЊЕ НА ВАКЦИНАТА ЗА КОВИД-19 ВО ДЕКЕМВРИ

Tags: CanadaCoronavirus vaccineCOVID-19
By декември 1, 2020 Retrieved

Официјалните лица на Канада за јавноста ги споделија првичните податоци порвзани со стратегијата за распределба на вакцините во оваа земја.  

ОТАВА – Канада би можела да ја одобри својата прва вакцина за Ковид-19  во декември. Имунимунизацијата се очекува да се спроведе низ целата земја во јануари, според  кординаторот на здравствениот систем во Канада.

Според д-р Суприја Шарма , Канада е на пат да одобри вакцина што ја развиваат Фајзер и Бионтек во исто време со американската администрација за храна и лекови, која  пак треба да се состане на 10 декември, за да разговара дали да ја одобри вакцината. Аријана Реза, помошник заменик министер за јавни услуги и набавки во Канада, изјавила дека вакцините треба да бидат подготвени за дистрибуцијата. Оптимистичките прогнози се дека сите Канаѓани можат да бидат имунизирани до крајот на 2021 година. Канада треба да добие шест милиони дози од вакцините Пфајзер и Модерна- двете водечки,  во првиот квартал на 2021 година, а можеби уште во јануари или февруари. Ова би било доволно за да се вакцинираат три милиони луѓе, бидејќи се потребни две дози по лице.

Канада со цел да ја реализира стратегијата за имунизација, веќе ги започнала подготовките. Владата превзела чекори за складирање на средствата кои ќе бидат неопходни да се реализира имунизацијата. Нарачани се и 126 замрзнувачи во кои треба да се обезбеди потребната температура за чување на вакцините на Модерна и Фајзер.

 

Извор: Politico

Share via
Copy link
Powered by Social Snap