КИНА ПРОГЛАСИ КАРАНТИН ЗА 500.000 ЛУЃЕ ВО БЛИЗИНА НА ПЕКИНГ

Најновите кластери од КОВИД-19 ги принудија кинеските власти да воведат рестриктивни мерки во провинција во близина на Пекинг. Властите предупредуваат дека  ситуацијата со коронавирус  станува „тешка и комплицирана“.

 

Кинеските здравствени власти во неделата 28.06.2020 соопштија дека округот Анксин – околу 150 километри (90 милји) од Пекинг – ќе биде „целосно затворен и контролиран“ . Станува збор за строги мерки, налик на тие од Вухан на почетокот  на годинава.

 

Само едно лице од секое семејство ќе има дозвола да излегува, еднаш дневно да купува неопходни работи како храна и лекови, се вели во соопштението на работната група за превенција на епидемија во округот.

Овој потег следува откако во изминатите 24 часа во Пекинг беа пријавени уште 14 случаи на вирусот, при што вкупниот број случаи регистрирани во градот од над 20 милиони, достигна 311.

 

Се чинеше дека Кина во голема мерка го контролираше вирусот. Но, се појавија стотици  заразени во Пекинг, а покрај тоа нови случаи се појавија  и во соседната провинција Хебеј, во последните неколку недели.

Новите случаи во Пекинг предизвикаа стравувања од повторна појава на вирусот во Кина.

 

Официјалниот претставник на градот Пекинг, Ксу Хеџијан, пред новинарите во неделата 28.06.2020 изјавил дека „епидемиската состојба во главниот град е тешка и комплицирана“, предупредувајќи дека градот треба да продолжи со следење на ширењето на вирусот.

 

 

Извор:DW.com

Share via
Copy link