КОЈА Е ВИСТИНСКАТА СТРАТЕГИЈА НА РУСИЈА? РАНД ИСТРАЖУВА

Која е главната стратегија на Русија? Какви се изјавите на нејзините лидери во споредба со реалноста? Новото истражување на американскиот  тинк тенк РАНД, насловено „Руската голема стратегија: реторика и реалност“, ја истражува големата стратегија на Русија, со што дава клучен увид во насоката на руската надворешна политика и одговорите на земјата на предизвиците за национална безбедност.

Авторите на студијата ја истражувале долгорочната стратегија која Русија ја следи, како и целите што се обидува да ги постигне, врз основа на извештаите на руското раководство, политичарите и експертите.  Понатаму, авторите ги споредиле целите со конкретните дејствија на Русија, се со цел да дознаат колку она што Русија го прави е во согласност со она за што Русија се надева на долгорочен план.

Еве ги клучните наоди од документот.

Големата или високата стратегија на една земја ги содржи трајните интереси на таа земја и начинот на кој таа ќе ги брани или унапредува таквите интереси во рамките на домашното и меѓународното опкружување, спротивставувајќи се на претпоставените закани.

Според истражувачите, разбирањето на големата стратегија на Русија, односно која е нејзината долгорочна стратегија за унапредување на нејзините интереси, може да им помогне на САД да ги предвидат потезите и реакциите на Кремљ за да избегнат стратешко изненадување и “да ја проценат длабочината и природата на потенцијалните конфликти помеѓу Русија и САД.”

Големата стратегија не претставува само збир на цели објавени од лидерите на земјата и клучните документи, туку исто така може да се разбере и тестира во споредба со реалноста, преку истражување на шемите на однесување на земјата. Тоа е причината зошто авторите на извештајот не само што широко ја опишуваат големата стратегија, онака како што е објавена од руското раководство, туку исто така ги тестираат и клучните наведени точки во споредба со конкретните дејствија на Русија.

Според авторите, руското раководство „смета дека сегашниот меѓународен поредок транзитира од западно-центричен, униполарен систем предводен од САД, во полицентричен свет… Од гледна точка на Кремљ, оваа транзиција не само што е неизбежна, туку е и пожелна, поради тоа што ќе резултира со поголема глобална стабилност, просперитет и поголема значајна улога на Русија како регионален лидер и голема сила.”

Според перспективата на руското раководство, во транзицискиот период се очекува веројатно зголемување на геополитичката нестабилност, со поголем потенцијал за можни конфликти. Тие сметаат дека „како што Западот ќе се спротивставува на својот неизбежен релативен пад, така ќе се однесува дестабилизирачки.”

Оваа претпоставка ги доведува до заклучокот дека на Русија и е потреба силна армија за да може да ги одбрани своите национални интереси од разни закани, а „особено од оние кои произлегуваат од нејзиното непосредно соседство.”

На тој начин, не само што Москва се обидува да го надмине транзицискиот период на нестабилност, туку исто така се обидува и да ја забрза транзицијата кон полицентричниот свет, секогаш кога ќе добие можност за тоа. Со завршување на очекуваната транзиција, Русија се надева дека ќе дојде до обновена стабилност “која се карактеризира со соработка помеѓу големите сили кои едни со други си ги почитуваат своите витални интереси.”

Во овој нов полицентричен свет кој го предвидува Москва, Русија се гледа себеси како една од водечките сили “со водечка улога во постсоветската Евроазија и глобално влијание во клучните меѓународни институции.”

 

Клучни наоди

Авторите на извештајот издвоија шест главни елементи од пошироките теми на големата стратегија на Русија.

  1. Русија треба да биде подготвена за “домашна нестабилност и меѓудржавна војна”, кои претставуваат сè поинтегрирана закана.
  2. Русија ќе преземе “бенигна лидерска улога” за да го задржи своето влијание во непосредното соседство.
  3. Русија треба да биде подготвена да одговори на “ограничените мали војни во периферијата” и “бесконтактните” можности за војна со противниците.
  4. Нема потреба да се развиваат воени капацитети за активности надвор од регионот, бидејќи Русија треба да се фокусира на регионалните проблеми во нејзиното соседство.
  5. Русија не сака да го ослаби Западот, туку бара “селективна соработка додека презема чекори за да ги ограничи амбициите на Западот и да го промени неговото однесување во надворешната политика.”
  6. Русија го поместува својот политички и економски фокус кон она што го нарекува “нови центри на моќ” – Бразил, Кина итн – подалеку од Западот, за кој “се смета дека е во релативно опаѓање.”

Детално анализирајќи ги овие елементи, преку тестирање на наведените очекувања во однос на конкретните руски дејствија и одлуки, истражувачите пронашле пет сеопфатни импликации.

  1. Генерално, „може да се смета дека објавената стратегија на Русија сигурно ги предвидува“ дејствијата на земјата.

Меѓутоа, според авторите, додека Москва обично се обидува да ги усогласи своите постапки со тврдењата, нејзините напори „понекогаш не се во согласност со нејзината реторика.

  1. Начинот на кој Москва реагираше на Украинската револуција и на последователното влошување на односите на Русија со Западот предизвика „нејзиното однесување да оди во различна насока од објавените стратешки цели.“

Во студијата исто така се вели дека последиците од украинската криза и понатамошните настани ја промениле политичката, економската и воената перспектива на Русија.

Способноста на Русија да ги реализира своите цели е ограничена од недостиг на економски ресурси и политичко влијание.

Противењето на плановите на Русија во постсоветска Евроазија и несигурната економија на земјата ја ограничуваат способноста на Москва да ги реализира своите високи амбиции, дури и во нејзиното непосредно соседство, а не пак на глобално ниво.

Со рангирање на заканите, стратегијата ги прифаќа ризиците во областите со понизок приоритет. Сепак, во практика „се чини дека Русија не е подготвена или способна да ги прифати овие ризици и ги распоредува ресурсите на начини кои не се во согласност со нејзината наведена стратегија.

Авторите истакнуваат дека Русија верува во многу нови закани, па се обидува да создаде бафери против нестабилност на повеќе фронтови, што не само што често ја попречува ефективната имплементација на објавената стратегија, туку и дополнително ги ограничува веќе ограничените ресурси на земјата.

Анализата не пронашла фундаментални разлики помеѓу објавената и реалната голема стратегија на Русија.

Русија се обидува да ги реализира своите објавени стратешки цели, но кога не успева, новите реалности кои се појавуваат ја принудуваат да ги прилагоди своите цели според нив.

 

Согледувања

Формулирајќи ги своите согледувања за раководството на американската армија, авторите потенцираат дека “Русија врши притисок (понекогаш вклучувајќи и користење на воена сила) во регионот, не за да наметне целосна контрола, тука за да ги спречи соседните држави да се интегрираат со ривалските економски и безбедносни блокови.

Поради тоа, студијата предвидува дека „стратешката конкуренција околу руската постсоветска евроазиска периферија ќе остане интензивна.

Со текот на времето, понатамошната диверзификација на сопственото портфолио на надворешната политика на Русија подалеку од Западот “може да го намали влијанието на санкциите или други мерки од Западот”.

Авторите не гледаат можност руската армија „да биде успешна во повеќе приоритети што ги извршува истовремено”, а се очекува руските воени расходи да стагнираат во 2021 година. Помеѓу овие приоритети, студијата ги набројува конфликтите во Украина и Сирија, развојот на хиперсоничното оружје, модернизацијата на нуклеарното и конвенционалното оружје и др.

Во меѓувреме, се очекува дека руските специјални сили, приватните воени компании и разузнавачките агенти “се повеќе да се користат во странство, вклучувајќи ги и областите каде што е присутна американската армија.”

 

Извор: euromaidanpress.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap