КОРОНАВИРУС: ГЕРМАНИЈА ГО ОТКАЖА ОКТОБЕРФЕСТ, ПРВ ПАТ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Забранувајќи ги јавните настани до крајот на Август, Октоберфест, култната и традиционална манифестација позната како најголемиот пивски фестивал во светот ќе биде откажана, се наведува во извештајот на Deutsche Welle.

Од музички фестивали до спортски настани, пандемијата предизвикана од COVID-19 е причината за откажување на настани од невидени размери, а исклучок не е ниту Минхенскиот Октоберфест.

“Со оглед на моменталната ситуација, неможам да замислам дека ќе биде возможно да се организира толку голем настан во тој период“ – изјави шефот на Баварската влада Маркус Седер. Како што додаде тој, одлуката за откажување била донесена заедно со Градоначалникот на Минхен.

Инаку, Октоберфест е еден од најголемите настани во Европа и пошироко. Започнува во третата недела од Септември и трае околу еден месец. Овој настан собира просечно по околу 7.000.000 посетители секоја година кои консумираат скоро исто толку литри пиво, генерирајќи приход од околу 1.1 милијарда евра.

Ова е првпат по Втората Светска Војна овој фестивал да биде откажан.

Коронавирусот не е обичен  сезонски грип, ќе се сложите.

 

Извор: Deutsche Welle

Share via
Copy link
Powered by Social Snap