Во Јапонија е прогласена вонредна состојба, поради влошување на појавата на коронавирусот во земјата. Овој потег им овозможува на регионалните власти да ги повикуваат луѓето да останат внатре, но без казнени мерки или правна сила.

Вонредната состојба се предвидува да трае до 6-ти мај.

Премиерот Шинзо Абе претходно прогласи едномесечна вонредна состојба во седум региони. Говорејќи на специјалниот состанок со медицински експерти, г-дин Абе рече: „Областите каде треба да се изврши вонредна состојба ќе бидат проширени од седумте префектури до сите префектури“. Бидејќи се зголеми бројот на зарази во Јапонија, критиките за одговорот на г-дин Абе се погласни. Една анкета покажува дека 75% од луѓето сметаат дека на премиерот му требало премногу долго за да прогласи вонредна состојба во Токио.

По неодамнешниот скок во случаи во главниот град Токио, експертите предупредуваа дека ургентните медицински установи во градот може да пропаднат под притисок. Официјални лица во Токио исто така ги повикаа луѓето да работат од дома.

Целата статија може да ја прочитате тука.

 

Извор: BBC

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.