КОВИД 19 НЕ Е ПЛАНИРАНО СЦЕНАРИО ЗА КОНТРОЛА НАД ЧОВЕШТВОТО

Дезинформација бр:

#187

Дата:

15.10.2020

Извор:

popara.mk

Време на читање:

4 мин.

Оригинален наслов: ПОСЛЕДНАТА БИТКА ЗА НАШАТА ИДНИНА! Шокантно предвидување на ББС за иднината на светот… Што не чека во блиска и подалечна иднина? Каков живот Короната ќе направи…

На 15 октомври 2020 анонимниот портал Попара објави текст во кој се изнесуваат манипулативни тврдења дека пандемијата на КОВИД-19 е измислена со цел да се искористи за креирање на еден сосема нов свет во иднина, во кој слободата нема да постои. Во прилог на текстот има видео кое всушност ја пренесуваа таа содржина, злоупотребувајќи напис од Би-би-си. Ова се поентите од видеото: генерациите после нас наводно ќе бидат родени во затвор и нема да знаат што е слобода. Кога ќе имаме технологија која се активира со глас, брави со таква технологија во систем на социјално кредитирање, целиот свет ќе биде претворен во затвор, секоја куќа во затворска ќелија од која ќе може да се излезе само ако се однесувате најдобро што може, односно онака како што од вас бара владата. Се работи за голем план кој се спроведува и ќе се спроведува доколку луѓето не се разбудат и не сфатат што се прави. Заклучокот е дека ситуацијата е навистина сериозна.

Линк до оригиналната статија тука.

Објавениот текст е дезинформација, кој во себе вклучува елементи на теорија на заговор. Во текстот се користи Би-би-си како кредибилен извор на преземената информација. Но, наместо да се пренесе изворниот текст од Би-би-си, порталот пренесува видео со српски превод, кое статијата на Би-би-си ја вади од контекст, и додадени се коментари со цел свесно да се креира шпекулација која  има за цел да создаде забуна, страв и паника кај јавноста.

Текстот со наслов “Ова е она што корона-вирусот ќе им го направи на нашите канцеларии и домови” кој го подготвил Би-би-си, претставува предвидување на промените што ќе се случат во иднина како резултат на пандемијата, и е придружен со анимирани илустрации. По илустрациите во текстот е наведено дека секако нема сè да се промени, и дека промените не одат така брзо како што се прикажани кај ликот Лаила во илустрациите. Доколку КОВИД-19 исчезне во наредните месеци и брзо се најде вакцина, многу домови и работни места ќе може да се вратат во „нормала“.

Сепак, аспектите од имагинарниот живот на ликот на Лаила може да станат реалност за многумина од нас, особено ако пандемијата продолжи и ако не се најде вакцина. Во текстот на Би-би-си се пишува за промените настанати со пандемијата, како што се промена на работното место, односно канцелариски простор, промената на местото од каде се врши работата (работа од дома), промена во деловниот простор како резултат на финансиските притисоци итн.

Во однос на подемот на технологијата без допир, таа веќе се користи во болниците, а КОВИД-19 масовно го забрзува нејзиното користење и на други места. Информации од сензори може да се користат за прилагодување на температурата и влажноста на воздухот во борбата против некои патогени микроорганизми. Исто така, веќе се користат системи за климатизација со УВ светло за убивање на бактерии и некои вируси.

Текстот на  Би-би-си, кој укажува на можните промени што ги наметна, и допрва ќе ги наметнува пандемијата, е злоупотребен, со цел преку него да се презентира теорија на заговор, според која пандемијата на корона-вирусот е планирано сценарио, преку кое во иднина сите ние ќе бидеме контролирани преку технолошките алатки и ќе ја загубиме слободата. Ова дополнително се зачинува со теоријата за контролата над човештвото.

Пренесениот прилог не ги задоволува ниту основните новинарски стандарди. Наместо проверка и истражување на фактите, медиумот пренесува видео во кое манипулативно се извртени пласираните информации и се вметнати теории на заговор кои се однесуваат на КОВИД-19, со цел свесно да креира заблуда кај јавноста. Јавноста треба да знае дека  насловите  кои содржат форма на прашање, се показател за непоткрепено тврдење, кое пред да биде пласирано преку медиумите, мора да биде детално истражено. Информацијата која се пласира јавно мора да биде прецизна и точна. Ширењето дезинформации во тек на епидемија или пандемија на болести може да доведе до сериозни последици.

Тимот на Ф2Н2 го оценува овој текст како дезинформација која потекнува од анонимен портал, во кој наместо ипресум има само текст со заложба, без наведени податоци кои се стандардни.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap