Вчера, потпретседателката за европски вредности и транспарентност, Вера Јурова, се сретна со претставници на онлајн платформи, вклучувајќи ги и Гугл, Фејсбук, Твитер и Микрософт, за да дискутира во врска со ширењето на дезинформации поврзани со почетоците на Ковид-19 вирусот. Учесниците, кои се потписници на Кодексот на практики против дезинформациите, потврдија дека откриле разни видови на дезинформации или лажни информации онлајн и презеле низа мерки против нив. Потпретседателката Јурова ги поздрави чекорите преземени од платформите и нивната соработка со релевантните меѓународни органи и оние на државите членки на ЕУ. Таа исто така истакна дека е важно платформите да ги употребуваат истите алатки низ сите земји членки, особено кога станува збор за цитирање на авторитетни извори. Потпретседателката Вера Јурова рече: „јасно ми е дека треба да го продолжиме мониторингот и активностите на платформите. Исто така ги повикувам и останатите платформи кои не се потписници на Кодексот на практики против дезинформациите да употребат алатки неопходни за адресирање на проблемот со дезинформациите поврзани со Ковид-19 вирусот и ги поканувам да се придружат на Кодексот на практики против дезинформациите. Ги поканив потписниците да се состанат повторно за 4 недели за да ги продолжиме разговорите и да размениме информации во меѓувреме.“ Се на се, оваа брза реакција на онлајн платформите кон дезинформациите поврзани со почетоците на Ковид-19 потврдува дека алатките развиени во Кодексот на практики против дезинформациите жнеат плодови и дека тие им помогнаа на потписниците да постават брзи и тестирани решенија. Истото се однесува и за Системот за брзо предупредување, кој беше користен за размена на податоци помеѓу земјите членки на ЕУ и институциите на ЕУ во врска со дезинформациите поврзани со Ковид-19 кои доаѓаат од надворешни извори. Повеќе информации во врска со одговорот на ЕУ кон Ковид-19 се достапни на вебстрана посветена на тоа.

 

Статијата е комплетно превземена од pubaffairsbruxelles.eu, оргиналниот текст можете да го прочитате на следниов линк.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.