КВЕБЕК ГО ЗАПОЧНА ОТВОРАЊЕТО НА ЕКОНОМИЈАТА

МОНТРЕАЛ (Ројтерс) – Најголемата канадска провинција Квебек, која беше и најтешко погодена од коронавирусот, постепено започна да ја отвора својата економија. Рестартирањето почна на 04.05.2020, со што се поттикнаа и плановите за рестартување  на економијата во Монтреал.

 

Во Квебек продавниците со надворешен влез, добиле дозвола да ги услужуваат своите клиенти. Но, оваа пракса не важи за Монтреал, градот кој е втор по големина во Канада. Квебек како и другите девет провинции во Канада, затворија многу бизниси по прогласувањето на здравствената вонредна состојба како резултат на коронавирусот. Во моментов, Квебек се обидува да наметне водечка позиција во настојувањето да го врати животот во нормала.

 

Канадскиот премиер Џастин Трудо, повика на претпазливост со мерките кои провинциските власти ги превезмаат во насока на воспоставување рамнотежа меѓу економските потреби и јавното здравство.

 

„Сè уште треба да бидеме многу внимателни, не само за нашите постари лица, туку и за сите околу нас. Затоа, не излегувај освен ако апсолутно не мораш “, изјавил Трудо пред новинарите.

 

Малопродажбата во Монтреал требаше да се отвори на 11 мај, но мерката е пролонгирана до 18 мај, поради тоа што немало доволно болнички кревети кои се слободни, со цел да се справат со можен раст на нови случаи.

 

Извор: Reuters.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap