ЛАЖНА Е ВЕСТА ДЕКА ШВЕДСКОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ПРИЗЕМЈИЛО АВИОНИ НА СЗО

Tags: Air ForcedisinformationSweden
By декември 9, 2020 FN ANALYSIS

На социјалната мрежа Фејсбук се појавија две фотографии на кои што на првата се гледаат два воени авиони, а втората фотографија се состои од текст со следната содржина: 02.12.2020 Утрово Шведското воздухопловство,спушти 3 авиони и 20 лица, објави Ројтерс. Со пребарување на авионите, нашле раствор што ги предизвикува сите симптоми на коронавирусот. Авионите се во сопственост на СЗО!

Објавата до моментот на пишување на нашата статија брои неверојатни 1,600 споделувања и повеќе од 70 коментари. Дезинформацијата потекнува од Бугарија, односно првично е објавена на 02.12.2020 на порталот Istinskitenovini.bg на која што се гледаат истите два воени авиони. Во објавата е наведено дека веста ја објавил реномираниот портал Ројтерс, но при наше пребарување не беше пронајдена веста на која што во дезинформацијата се повикуваат.

Корисникот на Фејсбук кој што ја објави оваа дезинформација се огради од истата со оправдување дека “не е новинар” за да ја проверува вистинитоста на информациите. Таквото размислување не му дава за право, ниту нему ниту на било кој друг да шири дезинформации кои што предизвикуваат вознемирување кај граѓаните. Ваквите дезинформации се шират со голема брзина, а истите се дистрибуираат најчесто преку социјалните мрежи поради тоа што тоа е патот преку кој истата многу полесно може да стигне до голем број на луѓе.

Не верувај во сè што ќе прочиташ. Провери пред да споделиш!

Share via
Copy link
Powered by Social Snap