ЛАЖНИТЕ ПРОФИЛИ СО НАГРАДНИ ИГРИ МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТАТ ЗА ПОЛИТИЧКА ПРОПАГАНДА И ШИРЕЊЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ

By јуни 21, 2020 јули 7th, 2020 Activities & Media

Илјадници граѓани изминативе денови наседнаа на лажните наградни игри кои осамнаа на социјалните мрежи. Експертите за интернет медиуми велат дека целта на овие лажни страни е да се соберат што е можно повеќе лајкови и во одреден момент да се искористат за политичка пропаганда.

 

„На почетокот споделувале хумор, сатира, забава односно теми кои што на многу граѓани им се интересни и не се политички. Но во одреден клучен момент, како на пример во тек на спроведување на некои дезинформациски кампањи ваквите фејсбук страници го менуваат фокусот и почнуваат да споделуваат лажни вести и одредена политичка пропаганда. Зошто лажни наградни игри? Најчесто темите со кои што се манипулира со граѓаните на овој начин се емотивни, па така во оваа насока, за жал се злоупотребува економската состојба на граѓаните, а секако тука е и психолошкиот момент да се добие нешто бесплатно“, вели Алексоска Росана од F2N2.

 

Линк до оргиналната статија објавена од телевизија Сител можете да ја погледнете тука.

Share via
Copy link