Македонско и МКД се сепак официјалните називи на државјанството кај нашите фудбалери

Tags: Macedonian nationalityNordmazedonienSports
By април 6, 2019 мај 10th, 2021 DISINFORMATION, Spin

Дезинформација бр:

#11

Дата:

31.03.2019

Извор:

markukule.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Текстот презентира фотографии од македонски фудбалски интернационалци кои се преземени од официјалниот спортски портал www.sport.de на германската медиумска групација RTL. На фотографиите националноста (државјанството) на македонските фудбалери е заведена како Nordmazedonien.

Линк до оригиналната статија тука.

Линк до архивираната оригинална статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Заради одредени јазични и граматички правила во германскиот јазик, во графата nationality е наведено Nordmazedonien. Доколку се бара превод на овој збор, ќе се види дека тој значи “Северна Македонија”, како што е презентирано на сликата подолу.

Заклучокот е дека порталот www.sport.de за националноста (државјанството) употребил збор кој е соодветен на Северна Македонија (скратеното име на државата), а не Северномакедонци.

Јазичните и граматичките правила на странските јазици не треба да се злоупотребуваат за развивање теории на заговор дека Договорот од Преспа ќе го укине македонскиот идентитет. Ова е и спинот во насловот, односно дека идентитетот е северномакедонски што не е точно. Овде станува збор за државјанството кое е Северна Македонија. За појаснување околу етничкиот идентитет и националноста (државјанството) можете да прочитате во текст објавен од страна на F2N2.

Според инструкциите на МНР за користење на името и додавките од Договорот од Преспа, во делот на националност (државјанство) е наведено: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија.

По направеното истражување на интернет страниците на клубовите во кои играат овие наши фудбалери увидовме пак дека нивната националност (државјанство) е заведена како Македонско/Macedonian – што е повторно во согласност со Договорот од Преспа. Во галеријата можете да ги најдете сликите на Езгијан Алиоски (Лидс – Англија), Горан Пандев (Џенова – Италија) и Александар Трајковски (Палермо – Италија).

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap