МАНИПУЛАЦИЈА СО ВИСТИНСКИ ПОДАТОЦИ ВО ПОДДРШКА НА ТЕОРИИТЕ НА ЗАГОВОР

Ова е уште еден обид да се манипулира со вистинити податоци, што всушност претставува највисок степен на дезинформација. Имено, еден факт кој е неспорен и ако ништо друго најмногу експлоатиран во научната јавност како силен заклучок, е дека ризичните категории се оние со коморбидитети односно хронични болести. Така на пример, заболените од COVID-19 кои имаат хронични проблеми со срцеви заболувања на крај ја губат битката поради кардиоваскуларен застој односно срцев удар. Понатака, истото важи и за оние кои имаат хроничен брохнитис, каде како најчеста причина за смртта се појавува застој на работата на белите дробови. Сепак, едно е заедничко за сите овие состојби и настани, сите биле заболени од COVID-19 па отаму, ваквите манипулации само ги зацврстуваат теориите на заговор и воопшто не придонесуваат кон ефикасна борба со коронавирусот. Ваквото однесување е неодговорно и може да остави трајни последици врз здравјето и безбедноста на граѓаните.

Светот е погоден драстично од коронавирусот: начинот на живот е целосно променет, а во некои држави дури и целосно парализиран поради оваа пандемија; илјадници бизниси и вработени се останати без работа како последица на пандемијата; бројот на заразени низ светот се искачи до 1 милион; евидентиран е голем број на жртви поради коронавирусот. Сепак, за некои луѓе ова се е лага и дел од наративот дека коронавирусот ефективно не постои.

Еден од тие луѓе е Виторио Сгарби. Роден е на 8-ми мај, 1952 година. Дипломиран филозоф со специјализација во Историја на уметност на Универзитетот во Болоња, работел како професор на Историја на уметнички техники на Универзитетот во Удине (1984 – 1988) и професор на Историја на фотографијата на Универзитетот во Болоња (1978 – 1988). Се работи за критичар на уметноста кој покрај тоа е и водител при големи меѓународни изложби, писател на неколку бестселери, водител на неколку преноси кои останале запечатени во историјата на телевизијата, политичар, слободен мислител со ставови контра мејнстрим мислењата и неуморлив бранител на уметноста и културата. Како политичар, дел е од политичката партија „Напред Италија“, чиишто лидер е поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони.

Г-динот Виторио Сгарби, на 25-ти април, изјави дека Италија спровела одредени манипулации кога е во прашање бројот на починати од коронавирус. Поточно, г-дин Сгарби тврдеше дека „25.000 луѓе не починаа од ковид-19, како што велат последните податоци на Италијанскиот завод за јавно здравство. Не ги користете мртвите за реторика и за тероризам . Податоците на Италијанскиот завод за јавно здравство кажуваат дека 96.3% починале поради други патологии.“

Ова е уште еден обид да се манипулира со полувистини, што всушност претставува највисок степен на дезинформација. Имено, еден факт кој е неспорен и ако ништо друго најмногу експлоатиран во научната јавност како силен заклучок, а тоа е дека ризичните категории се оние со коморбидитети односно хронични болести. Така на пример, заболените од COVID-19 кои имаат хронични проблеми со срцеви заболувања на крај ја губат битката поради кардиоваскуларен застој односно срцев удар. Понатака, истото важи и за оние кои имаат хроничен брохнитис, каде како најчеста причина за смртта се појавува застој на работата на белите дробови. Сепак, едно е заедничко за сите овие состојби и настани, сите биле заболени од COVID-19 па отаму, ваквите манипулации само ги зацврстуваат теориите на заговор и воопшто не придонесуваат кон ефикасна борба со коронавирусот.

Еден од најверодостојните извори на податоци во врска со бројот на случаи, без разлика дали тоа е бројот на заразени, бројот на излечени, или пак бројот на починати, претставува веб страната www.worldometers.info . На самата веб страна, чиишто податоци се ажурираат во реално време, е објавен и бројот на случаи за секоја држава засебно. Па така, статистиката на ден 30.4.2020 година (четврток), во 10:22 часот, говори дека во Италија вкупно случаи на заразени со коронавирус има 203,591, од кои 27,682 се починати, 71,252 се излекувани, и 104,657 се активни случаи. Во однос на начинот на којшто веб страната worldometers.info ги објавува и ажурира бројките следното е објаснето на самата страна: „за податоците за COVID-19, ние собираме податоци од официјални извештаи, директно од комуникациските канали на Владата или индиректно, преку локални медиумски извори кога истите се сметаат за кредибилни. Ние го обелоденуваме изворот на секое ажурирање на податоците во делот „Најнови ажурирања“ (новости). Изворите можат да бидат пристапени на следниот линк.

Останува нејасно како е можно пратеник во Италијанскиот парламент да излезе јавно и да презентира бројки кои се предмет на манипулативна интерпретација и извртување на вистината, освен се разбира да преизивка недоверба во системот и институциите. Што се однесува до тврдењето дека најголем дел од починатите од коронавирусот се кремирани, дури и тоа тврдење би требало да се анализира со доза на сомнеж. Имено, додека на почетокот од пандемијата на секои 50 мртви, 25 од нив самите одбирале да бидат кремирани, а 25 биле погребувани на траддиционален начин, подоцна, со земањето на замав на проширувањето на вирусот, голем дел од починатите морале или да бидат закопани на друго место или кремирани, поради недостиг на капацитети и услови. Тоа не говори дека најголем дел од починатите од коронавирусот бил кремирани поради некоја завера или задна намера, односно тоа тврдење е во најмала рака дискутабилно и мора исто така да се третира со доза на сомнеж. Пратеникот во својот настап ја користи и оваа фактичка сосјба повторно со извртување на фактите да ја изманипулира јавноста.

Конечно, најчестиот начин на предизвикување неоверба во системот и институциите е кога манипулативно се интерпретираат вистини податоци, така на јавноста и се дава доза на сигурност дека оној кој тоа го тврди е во право, за жал, во најголем број од случаите ваквите тврдења, освен штетата што ја предизвикуваат, немаат ама баш никаков придонес во обидите одредена ситуација да се надмине и да се заштити јавниот интерес.

 

Читајте текст а не само наслов, проверете пред да споделите.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap