МАРТОВСКО ИЗДАНИЕ НА МЕСЕЧНИОТ ИНФОРМАТОР BALKANS WATCH BRIEFING

Tags:
By април 10, 2020 European Values

Нашите партнери, Европски вредности, го објавија мартовскиот број од месечниот информатор Balkans Watch Briefing. Во него, може да ги прочитате следните статии:

F2N2 – „Влијанието на медиумската група во унгарска сопственост во Северна Македонија

Портали во унгарска сопственост шират дезинформативни и манипулативни наративи, со што сеат страв и недоверба во демократските институции и процеси.

Зашто не – „Теоријата на заговор за КОВИД-19 на противниците на НАТО

Теорија на заговор за пандемијата на КОВИД-19, фабрикувана за да се одвлече вниманието од меѓународната воена вежба „Бранител Европа 2020“ била масовно раширена на социјалните мрежи и медиумите.

ЦДТ – Анализа на медиумскиот наратив за супериорните оружја на Русија

Српските медиуми присутни во Црна Гора придонесуваат во ширењето и ги засилуваат наративите за супериорноста на руските оружја, вклучувајќи ја притоа и можноста за нуклеарна војна.

На овој линк може да се претплатите на месечниот информатор.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap