МАУРО ФЕРАРИ СЕ РАЗДЕЛИ СО ЕВРОПСКИОТ ИСТРАЖУВАЧКИ СОВЕТ

Мауро Ферари е Италијанско – Американски научник кој е глобално прочуен експерт во областа на нанотехнологијата. Г-дин Ферари има студирано математика, инжинерство и медицина, поседувајќи диплома Доктор по математика од Универзитетот во Падова,  Падова, Италија, магистратура по наука и докторат по машински инжинеринг од Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Во дополнение на тоа, бил медицински студент на Државниот Универзитет во Охајо, Колумбус во периодот 2002 – 2004, кадешто не се стекнал со диплома. Само што ќе се погледне неговото резиме, читателот веднаш е погоден од успешната кариера која г-дин Ферари ја има изградено, мноштвото институции со кои тој бил асоциран и различните истражувачки проекти во кои тој бил инволвиран низ годините.

Меѓутоа, името на Мауро Ферари е предмет на големо внимание од медиумите за многу различна причина во претходните неколку денови. Имено, една од неговите последни позиции беше таа на Претседател на Европскиот Истражувачки Совет (ЕИС), позиција која ја држеше од 1-ви јануари 2020 до 7-ми април 2020 година. Неговиот краток мандат како Шеф за наука на ЕУ сигурно ќе биде еден од најкратките во историјата на институцијата, но тоа не е примарната грижа на оваа статија, ниту тоа е примарната причина зошто неговото име е предмет на огромна медиумска анализа во последните 2 дена. Наместо тоа, она што највеќе го привлече вниманието на медиумите е начинот на којшто тој даде оставка од позицијата Претседател на ЕИС и глобалниот контекст во кој неговата оставка се случи. И кога и да е привлечено големо внимание на јавноста за одреден случај во општеството, кое и да е општеството за кое станува збор, тоа претставува многу плодна почва за луѓе кои имаат интерес во ширење на дезинформации, без разлика на нивните крајни мотиви. Во конкретниот случај, начинот на којшто г-дин Ферари се раздели со ЕИС привлече многу внимание од медиумите и од јавноста, бидејќи и двете страни, тоа се г-дин Ферари и ЕИС, излегоа со различни верзии во однос на причините и позадината на неговото напуштање на ЕИС. И како и секогаш, статии дизајнирани да шират дезинформации и да манипулираат со јавниот сентимент се појавија во Република Северна Македонија. Наместо да известат објективно за случајот преку вклучување на двете верзии за тоа што се случило што довело до оставката на г-дин Ферари, тие само ја покрија верзијата која најдобро им служи на нивните наративи и цели. На пример, насловот на една статија гласи: „ЕВРОПА ПРЕД PACПАД-ФЕРАРИ: Потфрли ЕУ соработката во време на корона“. Се чини премногу очигледно која е целта на оваа статија кога и првиот дел од насловот е ‘наполнет со пристрасност’ така да се каже преку тврдењето дека Европската Унија, се распаѓа поради оставката на г-дин Ферари. Друга статија го носи насловот: „ЕИС: Претседателот Ферари  поднесе оставка оти не ја убеди ЕУ да почне научно истражување против коронавирусот“. Повторно, наместо да бидат понудени двете верзии на настанот на читателот, насловот тврди дека има само една верзија позади оставката на г-дин Ферари.

Треба да биде веќе јасно на сите дека овие тешки и чудни времиња во кои живееме, во кои нашите општества се буквално парализирани од коронавирусот, се видени како плодни времиња за луѓе кои сакаат да ‘профитираат’ или да ја искористат ситуацијата и нестабилниот сентимент на јавноста со цел да одат чекор напред во однос на нивните цели. Во времиња како овие, кои се карактеризираат со високо зголемена сензитивност, дезинформациите можат да имаат колосален ефект на јавното мислење и јавниот сентимент. Веруваме дека секоја дезинформација и секоја лажна вест таму треба да биде демаскирана, и дека јавноста има право да формира свои мислења по свое, доколку сите факти и статистики им се објективно известени.

Г-дин Ферари даде оставка од позицијата Претседател на ЕИС на 7-ми Април 2020 година, откако претходно беше распуштен од своите колеги, кога на петок 27-ми март сите 19 активни членови на Научниот совет на ЕИС индивидуално и едногласно побараа Мауро Ферари да даде отказ од позицијата на претседател на ЕИС. Ова е неговата верзија на настанот: „видов доволно и од водењето на науката, и од политичките операции на Европската Унија,“ напиша тој во неговата изјава. „Изгубив верба во самиот систем.“ Понатаму, тој дури тврдеше дека соочени со „трагедија од возможно невидени пропорции“ тој пробал и не успеал да ги убеди ЕУ функционерите да воспостават специјална истражувачка програма насочена кон спречување на Ковид-19 пандемијата која што се рашири низ Европа и светот. „Предлогот беше одбиен едногласно од управувачкото тело на ЕИС, без дури да земе предвид каква форма или облик тоа може да заземе,“ рече Ферари. Ферари го повика ЕИС да употреби практична, итна иницијатива за Ковид-19 и рече дека работел директно со претседателот на Европската Комисија, Урсула вон дер Лејен, да развие план. Меѓутоа, тој се пожали дека неговиот директен ангажман со вон дер Лејен, „создал внатрешна политичка бура“ и откако се проширил кон различните оддели на комисијата, предлогот „се распаднал по пристигнување.“ „Се плашам дека видов доволно и од водењето на науката, и од политичките операции на Европската Унија.“ Требаше да служи 4 години како претседател на ЕИС, но како што кажа, кризата со коронавирусот „комплетно ги смени моите видувања.“

Од друга страна, ЕИС и неговите членови имаат различна верзија на самиот настан: „за време на неговиот три-месечен мандат, професор Ферари покажа недостаток на ценење на причината за постоење на ЕИС – да подржи одлична напредна наука, дизајнирана и имплементирана од најдобрите истражувачи во Европа. Иако ја искажувал својата поддршка за ова на јавни настапи, предлозите што ги направил кон Научниот Совет не ја рефлектираа оваа позиција. Не го разбра контекстот на ЕИС во рамките на Програмата за истражување и иновација на ЕУ Хоризонт 2020. По неговото назначување, професор Ферари покажа недостаток на ангажираност во ЕИС, не успевајќи да учествува на многу важни настани, проведувајќи многу време во САД и не успеваќи да ја одбрани програмата на ЕИС и мисијата кога го застапуваше ЕИС.“ Инсајдери од висок ранг во ЕИС велат дека оставката на г-дин Ферари не била доброволна. Тој беше замолен да си замине, велат тие. Тие велат дека бил отсутен половина од тие три месеци за кои наводно бил на челото на ЕИС, проведувајќи наместо тоа време во САД, каде што има професорски ангажман на Универзитетот во Вашингтон како и приватни интереси во фармацевтската индустрија, иако професор Ферари ги негираше коментарите дека другите негови работни задачи ја попречиле неговата способност да ја извршува функцијата. Тој е исто така член на бордот на директори на американската биотехнолошка компанија Ароухед Фармасеутикалс. По оставката на професор Ферари, Германскиот член на Европскиот Парламент, Кристијан Ехлер, изјави на вебсајтот на Научен Бизнис дека предлогот на професор Ферари, бил контрадикторен со правната основа на ЕИС и дека бил „мачкање-на-очи потег за односи со јавност во врска со кризата со коронавирусот.“ Што се однесува на коментарите на професор Ферари дека работел директно со Претседателот на Европската Комисија Урсула вон дер Лејен, тоа тврдење беше одбиено на следниот начин: „Г-дин Ферари рече дека Претседателката на Европската Комисија се обратила до него―не, тоа не е точно,“ кажа главниот портпарол на Комисијата Ерик Мамер. „Обратно е… Претседателката вон дер Лејен не побара никакви предлози од професор Ферари.“ Понатака, наводни инсајдерски извори рекоа: дури пред Ковид-19 да ги уништи односите, Ферари предлагаше работи кои беа “комплетно надвор од допир со начинот на кој ЕИС работеше“, извор близок до ЕИС рече. „Оваа недела беше последната капка – целата работа вриеше веќе некое време пред Ковид-19. Хемијата не постоеше и тој потроши премалку време на предмети на ЕИС,“ кажа извор близок до членовите на комисијата.

Кои и да се вистинските причини позади овој настан, без разлика очигледно е дека нешто не работело како што треба во ЕИС. Главниот проблем е што ова се случило на сред најголемата пандемија која светот ја има видено со години. Во време кога соработката и тимскиот дух треба да бидат на највисокото ниво возможно во буквално секоја земја на планетата, а камоли асоцијација со толку земји членки како Европската Унија, разочарувачки уназадувања како ова се случуваат. Како и да е, изгледа дека ЕИС постапил доста објективно кога сите 19 членови на ЕИС поднеле барање за разрешување на професор Ферари. Едногласно барање говори многу. Едноставно не е можно 19 индивидуи, а тоа се сите членови на ЕИС, да ја побараат оставката на еден човек без никаква причина. Понатака, професор Ферари мора да бил свесен дека неговата позиција ќе вклучува многу борби на моќта, бирократија и внатрешни политики, па тој не може да се повика на нив како една од причините за неговото едногласно разрешување од ЕИС. Како и да е, главниот проблем во оваа ситуација од гледна точка на јавноста е што ова значи дека ЕУ остана без својот главен научник во најлошото можно време, точно кога коронавирусот се шири.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap