МИЗЕРИЈАТА САКА ДРУШТВО

Што правите кога се чувствувате мизерно како Кина во време на пропаганда? Ги повикувате вашите „пријатели“ како Русија и Иран да се приклучат на мизеријата и да шират лаги додека луѓето се во состојба на паника. Навистина, теориите за дезинформација и заговор за коронавирусот се шират со брзина како и вирусот, сето тоа благодарение на вообичаените играчи. Дезинформациите за коронавирусот се шират брзо како појавата на вирусот, поттикната од иранските, руските и кинеските кампањи поддржани од владата, кои ги обвинуваат и ги напаѓаат Соединетите држави како извор за несреќата. „Еден наратив што ги истакнуваат сите три држави (вклучувајќи ја и Кина) е идејата дека САД ја користат кризата за политичка корист и со тоа го влошуваат нејзиното ширење на глобално ниво“, рече Рејчел Чернаски, менаџер на проектот за Избор на надворешно влијание 2020, взаемен проект со надворешна политика – Институт за истражување, или ФПРИ, напиша на 09 март[1].

Неколку владини претставници, вклучувајќи и околу 10 проценти од парламентот во Иран и разни здравствени работници, како и заменик-министерот за здравство Ирај Харирчи, се тестираа позитивно на вирусот. Иран, најагресивно турка лажни вести за пандемијата. Со поддршка од државниот медиум PressTV постојано ја пренесуваше теоријата дека КОВИД-19 може да биде био – оружје произведен во САД, или дека израел и „ционистичките“ научници ја користеле епидемијата како фасада за произведување на уште погубно оптоварување на вирусот за човештвото до пролет, а конкретно за Иран.

Во меѓувреме, Русија го искористи својот значителен достиг со медиуми преку телевизиски канали како РТ за да ги засили изјавите што доаѓаат од иранското раководство. Минатата недела РТ објави дека Хусеин Селами, началник на Исламската револуционерна гарда, тврди дека вирусот е американско оружје насочено кон Иран и Кина. Русија ја насочува дезинформацијата поврзана со коронавирусот кај публиката кон источноевропска публика во обид да вгради анти-НАТО сентимент кај популациите предизвикани од вирусот. Тактиките се движат од вообичаениот вид на анти – западни коментари на про – руските страници, па се до хакирање на легитимен сајт за вести за објавување лажни вести. Клучна цел е Литванија. Во јануари, некој објавил лажна вест на литванската новинска страница kauno.diena.lt, или Kaunas Day, тврдејќи дека американски војник во Литванија бил заразен со КОВИД-19. (Од септември, земјата беше домаќин на елементи на 1-та дивизија на американската армија.)

Оваа вест се појави на страницата само неколку минути. „Има еден случај на пробивање во систем за управување со содржините. Засега, ние сме во процес да одлучиме како се случи тоа “, рече Тадас Ширвинскас на kauno.diena.lt за БНС, уште еден литвански веб-сајт за новини[2].

Про – руските весници објавија написи за да предизвикаат тревога или лутина, или со превртување на факти од контекст и шпекулирање за идните настани. Евроазија Дајли објави вест на 21 март во која се тврди дека литванските власти имаат намера да ја искористат кризата за да ги затворат про – руските медиуми, а друга вест на 23 март тврдејќи дека пандемијата „изложила неколку сериозни празнини во реформите во јавната администрација“ и дека литванската влада уништила стратешки резерви на храна пред избувнувањето на вирусот. Доказите сугерираат дека про – Кремлин пропагандистите ги таргетирале и про – НАТО нациите во Украина и дека не сите дезинформации започнуваат онлајн. На 24 февруари избувнаа немири во украинскиот град Нови Санџари, четири дена откако пристигнаа 73 евакуирани од Кина – 48 Украинци и 29 не-Украинци. Писмото со кое се тврди дека е од украинското Министерство за здравство отиде кај неколку новинари кои тврдат дека петмина од бегалците имале КОВИД-19. Министерството за здравство ја осуди оваа вест како лажна, но за жал дезинформацијата се прошири побрзо од вистината. Резултатот беше: протест во кој беа повредени полицијата и граѓаните.

Во исто време, украинската армија ги обвини милитантите поддржани од Русија во Источна Украина дека ги криеле броевите на тестирани за КOVID-19 од надворешниот свет. „Руските окупаторски администрации на привремено окупираните територии на регионите Доњецк и Луханск се обидуваат да го убедат локалното население преку масовните медиуми дека немаат лица со симптоми на коронавирус. Но истовремено, скриени се информации дека постојат заразени оддели во здравствени институции, вклучително и во армијата, луѓе се пренатрупани со висока температура “, се вели во изјавата на 24 март од страна на украинската армија.

Според Клинт Вотс, постар колега на ФПРИ, компаниите за социјалните мрежи се обидуваат, да ја одделат дезинформацијата од информацијата и фактите околу епидемијата. Тие „можат, и се чини дека се обидуваат, да ги зголемат точните информации за коронавирусот, да го ублажат нејзиното ширење и да ја третираат појавата. Ние, корисниците на социјални медиуми, можеме да помогнеме со постојано обележување на дезинформациите што ги гледаме за коронавирусот “, рече тој.

 

Мерал Мусли Тајроска – Психолог, Консултант за насилен ектремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.

 

Извор: defenseone.com/

[1] https://www.defenseone.com/technology/2020/03/iran-and-russian-media-push-bioweapon-conspiracies-amid-covid19-outbreak/163669/

[2] https://www.defenseone.com/technology/2020/03/russia-pushing-coronavirus-lies-part-anti-nato-influence-ops-europe/164140/?oref=d-skybox

 

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap