НАД ДВА МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ ОД АВСТРАЛИЈА ЈА ПРЕЗЕЛЕ АПЛИКАЦИЈАТА ЗА КОВИД-19

СИДНЕЈ (Ројтерс) – Повеќе од два милиони жители од Австралија ја презеле апликацијата за следење на контактите на пациентите со КОВИД-19, само неколку часа од нејзиното активирање.

 

Австралискиот министер за здравство, Грег Хант изјавил дека апликацијата за следење, ја превземале повеќе од 2 милиони луѓе – околу 8 проценти од населението – заклучно со 7.p.m. (09:00 GMT) во понеделникот 27.04.2020.

Медиумите од Австралија веќе известуваат дека бројката достигнала до 3 милиони.

Австралија досега потврди околу 6.700 случаи заболени од коронавирусот и 83 смртни случаи поврзани со истиот.

 

Извор: Reuters.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap