Alliance of Democracies и Transatlantic Commission on Election Integrity (TCEI) во соработка со Фејсбук одржаа виртуелна дискусија на тема “Надворешни информациски операции на Западен Балкан – предизвици и патот понатаму” на 13 јануари 2022 година. На оваа дискусија свое обраќање имаше и Росана Алексоска, менаџер на програмата за борба против лажните вести и наративи на МОСТ – FN.

 

Алексоска помеѓу останатото истакна дека: „Кога зборуваме за дезинформациските наративи на Балканот, треба да бидеме свесни дека тие поларизираат, разединуваат и се употребуваат за да ги искористат длабоко вкоренетите чувства и погрешни убедувања со цел дискредитација на различни личности, како и западните институции“.

Алексоска исто така додаде дека: „Во текот на изминатите години имаме забележано серија настани и информациски операции кои имаат за цел да ги извртуваат фактите, да ги дефокусираат, да ги заплашат, дискредитираат институциите и да ги продлабочат поделбите кај граѓаните во државата”.

Според Алексоска: „Руските дезинформации и информативните операции се раководат од заблудите, погрешните перцепции и погрешните верувања кои се длабоко вкоренети кај дел од населението, особено кај православното население низ балканските земји”.

 

Целосната дискусија можете да ја погледнете на следниов линк.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.