Дезинформација бр:

Дата:

Извор:

Време на читање:

мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: ПУТИН И ЕУ ПРАВАТ ЗАМЕНА ЗА НАТО: ЌЕ СТВОРАТ НОВА ВОЕНА АЛИЈАНСА, ПАНДЕМИЈАТА ОТКРИ СЕ!Порталот Магазин.мк во својата статија пренесува вест објавена од германскиот портал Die Welt дека “Путин и ЕУ ќе прават замена за НАТО”. Тоа што посебно збунува е што се повикуваат на германскиот портал Die Welt, а како извор се наведува информер.рс.Во статијата се наведува дека наводно Европската Унија во 2014 година, под притисок на САД, била приморана да воведе санкции кон Руската Федерација. Авторот на тесктот, извесен Едмонд Бекири, тврди дека овие рестриктивни мерки не само што “не успеаја да ја поткопаат руската економија, правејќи ја само посилна, туку Москва одржуваше и политички врски со европските метрополи”. Понатаму, авторот на текстот додава дека “пандемијата на коронавирус јасно стави до знаење дека руските власти не се непријател на Европа.”Во понатамошниот дел од текстот се цитирани и парафризирани неколку изјави на Постојаниот Преставник на Русија во Европската Унија, Амбасадор Владимир Чежов, кој меѓудругото, говори и за подготвеноста на руските трупи да учествуваат во воените командни операции на Европската унија спроведени во трети земји. Повикувајќи се на изјавата на рускиот дипломат, порталот наведува дека “Русија не се откажува од плановите најавени пред неколку години за создавање единствен економски простор од Владивосток до Лисабон.” На крајот се додава дека, “Европа не треба да се плаши од реакцијата на САД, бидејќи Русија може да се движи да ја брани ЕУ наместо во НАТО.”Линк до архивираниот оригинален натпис овде.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Не е точно дека се формира нова алијанса.  За европските сојузници друга алтернатива од НАТО не постои. Да разграничиме, ЕУ како меѓувладина организација во никој случај неможе да биде членка на НАТО, туку партнер на НАТО. Од вкупно 28 земји-членки на ЕУ, 22 се членки на НАТО. Североатлантската алијанса постои повеќе од 70 години, и постојано се прилагодува на новите закани и зајакнува со нови сојузници.Европските земји својата иднина не ја гледаат во Русија, туку интегрирани во ЕУ и НАТО. Голем дел од европските земји во минатото биле дел од Советскиот сојуз или биле во  воен сојуз со СССР, чиј наследник денес е Руската Федерација. Денес, 11 од нив се членки на НАТО, а 10 се членки на ЕУ. Сите овие земји се определиле за демократија и владеење на право, економски просперитет, безбедност и сигурност, наспроти авторитарни режими, кршење на човекови права, низок животен стандард и др. Причините се бројни. Во минатото, Варшавскиот пакт изврши инвазија и ја окупираше поранешна Чехословачка, а во раните 90ти Советскиот сојуз ги нападна ЛитванијаЛатвијаЧеченија, Русија не ја признава независноста на Косово и се заканува со вето во Советот за Безбедност на Обединетите Нации, Руската армија ја нападна Грузија и ги анексираше Абхказија и Јужна Осетија, како и Крим во Украина. Покрај тоа, Русија изведе низа разузнавачки операции во САД, Европа и на Балканот, кои беа директно насочени кон мешање во внатрешното управување на државите, мешање во изборните процеси како и потпомагање за насилно рушење на легитимно избраните преставници во Црна Гора, а труењата и атентатите им се најпознати modus operandi.Ниту самиот Амбасадор Чежов не зборува за формирање на нова алијанса со ЕУ, бидејќи и самиот тој е свесен дека тоа е невозможно да се случи. Точно е дека Амбасадорот Чижов во своето интервју заговара наводна криза во “евроатлантската безбедносна конструкција”, кој смета дека наводно ЕУ, со формирањето на ПЕСКО (PESCO), сака да биде стратешки независна од НАТО. Но, во ниту еден момент тој не говори за било каква нова алијанса, ниту пак дека Русија може да се да ја брани ЕУ наместо НАТО. Всушност, тоа што Амбасадорот Чижов го истакнува е дека во иднина Русија би можела да соработува со ЕУ во рамките на ПЕСКО во областа на сајбер безбедноста или евентуално заедничко учество во мисии во трети земји, само доколку ПЕСКО нема за цел градење мостови и патишта кои би им овозможиле поголема мобилност на НАТО трупите кон источната граница со Русија. Но, имајќи го предвид искуството на Естонија и Грузија од оркестрираните сајбер напади спонзорирани од Русија, оваа опција и не е толку искрена како што се претставува. Кој е всушност Владимир Чижов?  Се работи за истакнат руски дипломат од кариера, кој извршувал дипломатски должности на Балканот и Кипар во мошне чувствителни времиња, држави кои се од голем стратешки интерес за Русија. Добар познавач е на приликите на Балканот, а од 2010 година ја обавува функцијата Постојан претставник на Руската Федерација во ЕУ. Тоа што е интересно е дека во 2009 година синот на Владимир Чижов, Васили Чижов, беше протеран од постојаната мисија на Русија во НАТО поради шпионажаПорталот Магазин.мк во целост го превзема текстот од српскиот портал Информер.рс. Се работи за теорија на заговор пласирана од информер.рс, бидејќи тоа што е забележително во двата текста е тоа што се пренесени само неколку изјави од Амбасадорот Владимир Чижов, на кои се додадени текстови кои не постојат во интервјуто објавено интегрално на веб страната на Постојаната Мисија на Русија во Европа.  Второ, времето на објавување на статиите е доста симптоматично. Имено, информер.рс прв ја објавува статијата на 22.04.2020 во 11:07 часот, а магазин.мк експресно ја превзема и објавува само 22 минути подоцна односно на 22.04.2020 во 11:29 часот.imageПорталот Магазин.мк во често објавува текстови со анти-НАТО и анти-ЕУ наративи. Според истражувањето за правниот статус на порталот Магазин, се работи за портал со мк домен  регистриран на физичко лице Васко Белески, со адреса во Швајцарија. Порталот има истакнато импресум  со уредници, репортери, маркетинг и организација, но не и издавач како правно лице. Единствена правна поврзаност што ја има прикажано е “Член на  SuisseControls AG .  Ако се отвори веб-страницата на оваа компанија од Швајцарија може да се видат услугите кои таа ги нуди:“Опсегот на услуги на објекти на SuisseControls вклучува: Безбедносни услуги, услуги за поддршка, инфраструктурни услуги, услуги за чистење и услуги за недвижнини”. Интересен сплет на услуги, посебно ако се додаде и медиум, нели!? Авторот користи строго селектиран извор кој шири анти-ЕУ и анти-НАТО наративи, и врши извртување на вистинските факти па дури и на изјавите на самиот Амбасадор. Дополнително, во самиот наслов ја воведува и пандемијата, нешто за што во интервјуто нема ниту едно прашање, коментар или одговор. Тимот на F2N2.mk  го цени овој текст како теорија на заговор и дезинформација чија цел е дискредитирање на НАТО. Додека пак одредени информации се намерно злоупотребени за извртување на фактите со цел да создадат чувство на несигурност, како и да шират анти-НАТО наратив во општеството.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.