НАТО Е СПРЕМЕН ДА ОДГОВОРИ НА БИЛО КАКОВ ПРЕДИЗВИК ОД СТРАНА НА РУСИЈА

Tags: May 9Mission 24NATORussiaUSA
By август 13, 2021 август 16th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#217

Дата:

20.05.2020

Извор:

mk.rbth.com

Време на читање:

5 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Порталот Russia Beyond во континуитет објавува статии со анти-САД и анти-НАТО наратив, во кои се величи воената индустрија на Русија, претставувајќи ја на начин како супериорна и надмоќна над сите останати. На овој начин, читателите се наведуваат на погрешно мислење дека Русија е помоќна од САД и НАТО. Советскиот сојуз, во трката за вооружување за време на Студената војна, во голема мерка го копираше оружјето кое САД и сојузниците го произведуваа. Нејасно е зошто во 21 Век Руската влада одлучи да го „реинкарнира“ овој вид на оружје кое во сите останати земји одамна е „пензионирано“.

Оригинален наслов: Русија успешно го „реинкарнираше“ најмоќното артилериско оружје од времето на СССР (ВИДЕО)

 

Авторот на текстот наведува дека “кон крајот на април годинава руската армија ги доби првите три контингенти тешко артилериско оружје 2С7 „Пион“ со муниција со калибар од 203 милиметри кое може да биде опремено и со нуклеарни боеви глави”. Понатаму, авторот дава појаснување за техничката спецификација и ударната моќ на оружјето кое може да лансира гранати на оддалеченост до 50 километри зад линијата на непријателскиот фронт.

Авторот наведува дека „реинкарнацијата“ на ова оружје е одговор на неодамнешната промена во американската воена доктрина која предвидува Вашингтон да може да употреби нуклеарни боеви глави со „мала сила“ во идни воени конфликти.

На крајот, како што наведува авторот, се работи за модернизирана верзија 2С7М „Малка“ на која и е заменета трансмисијата, механизмот за дистрибуција на сила, напонскиот агрегат и целокупната опрема на оружјето.

Линкот до архивираниот оригинален натпис можете да го најдете овде.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Порталот Russia Beyond, во континуитет објавува статии со анти-САД и анти-НАТО наратив, во кои се величи воената индустрија на Русија, претставувајќи ја на начин како супериорна и надмоќна од сите останати. На овој начин, читателите се наведуваат на погрешно мислење дека Русија е помоќна од САД и НАТО.

Како што наведува и самиот автор, САД се првите кои развија ваков вид на оружје.  Но, не е точно дека „Атомската Ани“ е пандан на 2S7 „Pion“,  туку американскиот самооден хаубицер М110 се смета за пандан на НАТО на Рускиот 2S7 Pion.

Првите тестирања на М65 артилериски топ познат како „Атомска Ени“ (m65 howitzer Atomic Cannon) биле направени во 1952 година, а како дел од воениот арсенал на САД влегло во 1956 година. Во периодот на трка со нуклеарно вооружување, кога нуклеарното оружје постоело само во форма на нуклеарни бомби, целта била да се дизајнира оружје за распоредување на подвижна артилерија (нуклеарен топ), околу и зад фронтовите, која ќе може да лансира нуклеарни проектили. Овој вид на оружје застаре за краток временски период (од 1953-1963), поради развојот на разни видови на подвижни ракети, а и атомскиот топ беше повлечен од служба во американската армија до средината на 1960-тите. М65 топот бил распореден во Западна Германија и Окинава, и освен за време на нуклеарните тестирања никогаш не бил применет на боиштата. Денес, останале да постојат само 8 парчиња како експонати, сместени во некои од музеите.

Понатаму, М110 хаубицер е вооружен со моќен топ од 203 мм, а испукува полесни нуклеарни проектили со пократок максимален опсег. М110 бил развиен во исто време и со М107 кон крајот на 1950тите, а влегол во служба на американската армија во 1961 година. М110 бил оперативен во војните во Виетнам, првата Заливска војна, а како корисници биле голем број на земји од Европа и Блискиот Исток. М110 е прилично брз и носи само 2 проектила, додека пак, муницијата се носи со придружба на оклопни транспортери. Напредната верзија М110 А2 има многу подобрен опсег до 30 км и може да истрелува новоразвиени нуклеарни и хемиски проектили. Поради големината и тежината на нивната муниција, двата системи имаат мала брзина на репетитивно испукување и им треба многу екипаж да управуваат со оружјето.

Сомоодниот 203 mm M110 беше деактивиран во 90-тите години на минатиот век, додека пак  175мм М107  кон крајот на 1970-тите, бидејќи американската армија веруваше дека ефективноста на артилеријата со голем калибар се намалува во современи услови.

Самоодниот 2S7 Pion 203 mm влезе во служба со Советската армија кон крајот на 1970-тите. 2S7 Pion е вооружен со топ од 203 mm, кој исфрла хемиски и нуклеарни проектили, кој во моментов е во функција во Русија, Белорусија, Грузија и Украина. 2S7 „Пион“  е за нијанса побавен и носи 4 проектили, додека пак, муницијата се носи со придружба на оклопни транспортери. Во 1983 година, 2S7 беше надграден во 2S7M „Малка“. Модернизираната верзија е опремена со надграден систем за контрола на пукање, подобрена ефикасност во лансирање на проектили (2.5 проектили во минута) и голем простор за носење на проектили (вкупно 8).

Пион никогаш не бил ангажиран од советската армија во вооружен конфликт. Единствената позната употреба на самоодни артилериски 2S7 „Пион“ беше во војната во Јужна Осетија кога грузиските воени единици употребија батерија од шест хаубици од овој тип, од кој еден беше запленет како „воен плен“, додека останатите беа уништени.

Советскиот сојуз, во трката за вооружување за време на Студената војна, во голема мера го копираше оружјето кое САД и сојузниците го произведуваа. Нејасно е зошто во 21от век Руската влада одлучи да го „реинкарнира“ овој вид на оружје, додека сите останати земји кои поседувале ваков вид на оружје одамна го имаат пензионирано.

Порталот Russia Beyond во континуитет објавува статии со анти-САД и анти-НАТО наратив. Тимот на FN.mk  го цени овој текст како класичен пример на руска пропаганда, кој забрзано се шири преку Фејсбук. Ваквите постови имаат за цел да ја претстават руската “воена супериорност” над САД и НАТО, што не е точно.

Ова е уште еден пример на извртување на фактите со цел да се создаде перцепција дека Русија е воена супериорна споредбено со останатите воени сили во светот. Крајната цел на ваквите текстови е да се предизвика сомнеж во воената моќ на НАТО Алијансата и западните сојузници, а со тоа да се обезвредни историскиот успех, а тоа е членството на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap